1 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Apr 12:32 -> 16-Apr 12:56
.
.
.
.

Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор

  • МВР: Кривичнa за десет полицајци, се трага по еден од нив

Десет полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето Пулс во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 2 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 2 и став 3 од Кривичниот законик против 10 лица и тоа: П.С. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник во СВР Штип), Ј.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), С.Д. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип), М.С. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на одделение во Одделение за полиција во СВР Штип), Љ.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник во СВР Штип), В.П. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор по сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), Д.А. (во време на извршување на кривичното дело самостоен инспектор за јавен ред и мир во СВР Штип), А.А. (во време на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник на СВР Штип), В.И. (во време на извршување на кривичното дело на работно место документарист во ПС ОН Кочани во СВР Штип) и А.Т. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место командир на ПС ОН Кочани). Првопријавениот П.С. на 07.12.2012 потпишал акт и истиот го доставил до Министерство за економија со кој дал согласност дека кабаре „ПУЛС“ поседува елаборат за заштита од пожари и опасни и експлозивни материи и ги исполнува законските услови во делот на сообраќај со што придонел на правниот субјект ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани од страна на Министерството за економија да му биде издадена лиценца за вршење на угостителска дејност на кабаре “Пулс“ од 13.12.2012.

5 (9) ■ вести > македонија ■ 15-Apr 19:44 -> 16-Apr 11:12
.
.
.
.

Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

  • Македонија и ОАР потпишаа договори за економска соработка, трговија и размена на знаење

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати остварил средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со Неговата Висост шеик Абдула бин Зајед Ал-Нахјан, заменик премиер и министер за надворешни работи на Обиединети Арапски Емирати, потпишаа два договора, едниот за економска соработка, трговија и инфраструктура, а другиот за размена на знаење и искуства помеѓу двете дипломатски академии, информираат од Владата.

10 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Apr 08:22 -> 16-Apr 11:12
.
.
.
.

Кос: Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки на европскиот пат на Северна Македонија

  • Кос: Ве молиме направете ги реформите и бидете подготвени да го отвориме првиот кластер

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја.

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја.

15 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 09:17 -> 15-Apr 16:37
.
.
.
.

СДСМ бара оставка од Тошковски за трагедијата во Кочани

  • Тошковски: За трагедијата во Кочани над 50 осомничени, истрагата уште трае

  • Тошковски со жесток одговор до ДУИ, СДСМ и Левица: Привезоците на ДУИ денес глумат глас на совеста

  • СДСМ: Истрагата во Кочани е „фарса“ наместо правда

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, човекот кој е на чело на системот што требало да спречи ваква катастрофа, не само што не поднесе оставка, туку бега од одговорност.

За трагедијата во Кочани моментно се постапува по над 50 осомничени.

По вчерашните синхронизирани напади од страна на ДУИ, СДСМ и Левица, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговори со обемен фејсбук статус, во кој остро ги критикува сите три партии, нарекувајќи ги „привезоци на ДУИ“ и „политички паразити“.

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

8 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 12:50
.

По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

  • ▷ Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до . Во тек е широк и транспарентен консултативен процес, во кој Министерството се залага активно да се вклучени научната фела, граѓанските организации, институциите и индустријата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

133 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

68 (20) ■ сцена > шоу биз ■ 14-Apr 09:42 -> 15-Apr 18:29
.
.
.
.

Кети Пери денескa патува до работ на вселената

  • (ВИДЕО) Кети Пери ја бакна земјата – женскиот екипаж во ракетата на Џеф Безос по 11 минути се врати од вселената

  • Заврши првиот вселенски лет на компанијата Блу Ориџин: Кети Пери ја бакнуваше земјата (Видео)

Поп-музичарката Кети Пери ќе биде најголемата ѕвезда во целосно женската екипа којашто ќе лета до работ на вселената во недела по американско време со ракетата на милијардерот Џеф Безос.

Ракетата „Њу шепард“, произведена од компанијата на милијардерот Џеф Безос, „Блу ориџин“, со целосно женска екипа, слета на Земјата по 11 минути лет во вселената.

Капсула со шест жени членки на екипажот успешно слета на земјата во Западен Тексас, по краткиот, но историски лет во вселената организиран од „Блу Ориџин“.

177 (6) ■ сцена > култура ■ 14-Apr 09:16 -> 14-Apr 20:12
.
.
.
.

Влатко Стефановски ги најави концертите во Филхармонија

  • Прес по повод јубилејните концерти во Скопје на Влатко Стефановски (видео)

Стефановски го претстави и винил изданието „London Sessions“, Нашиот врвен гитарист Влатко Стефановски, денеска заедно со продуцентот Томислав Кашљевиќ и музичката уредничка на Кроација рекордс Клаудија Чулар, ги најави двата последователни концерти кои треба да се случат на 9 и 10 мај во Македонската филхармонија, по повод неговата импозантна 50-годишна музичка кариера и го претстави неговото тројно винил издание „London Sessions“ снимено во познатото музичко студио „Abbey Road“ во Лондон.

Прес-конференцијата по повод јубилејните концерти во Скопје на гитаристот и композитор Влатко Стефановски, со кои ќе одбележи 50 години поминати на концертната сцена.