1 (11) ■ спорт > фудбал ■ 19-Jul 18:00 -> 21-Jul 22:32
.
.
.
.

Манчестер Јунајтед официјално го претстави Мбемо

  • Манчестер Јунајтед го добива долгоочекуваното засилување

Манчестер Јунајтед официјално го претстави Брајан Мбемо како свој играч.

Манчестер Јунајтед наскоро и официјално ќе ги засили редовите со Брајан Ембеумо откако камерунскиот репрезентативец успешно ги помина медицинските прегледи.

5 (32) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 19-Jul 15:54 -> 21-Jul 22:26
.
.
.
.

КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА ТРЕБА ДА БИДЕ ОСНОВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ Левица ќе иницира постапка за претседателката на Антикорупциска

  • ГАШИ: Треба да има правосилна судска пресуда за да почне постапка за разрешување на Димитровска, претседателката на ДКСК

  • Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

  • И со обвинета за корупција, претседателка, Антикорупционерите ќе продолжат да гонат корупција иако немаат конкретен став за Димитровска која не оди на работа, а добива плата

Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Борислав Крмов, како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања, ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, соопшти партијата.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека треба да има правосилна судска пресуда за да се почне постапка во законодавниот дом за одземање на мандатот на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и фалсификување на испитот за добивање безбедносен сертификат.

Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Борислав Крмов (како член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања) ќе поднесе предлог за разрешување на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Двете обвиненија за издавање на службена тајна и за злоупотреби при полагање за државна тајна, Антикорупциската комисија ги смета за индивидуална одговорност на се уште активната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска.

13 (29) ■ вести > македонија ■ 19-Jul 10:00 -> 21-Jul 16:30
.
.
.
.

Со дефиле на 50 делегации започна Европскиот младински олимписки фестивал

  • ЕМОФ Скопје 2025 отворен со спектакуларна церемонија, Македонија со стил ја пречека Европа

  • ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде отворен во недела со парада на спортски делегации и сценско-музички спектакл

Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечерва започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

Со спектакуларна церемонија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, вечерва свечено беше отворен најголемиот мултиспортски настан во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025.

Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

16 (26) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 20-Jul 10:15 -> 21-Jul 22:58
.
.
.
.

СДСМ: Единствената „квалификација“ на новите асистенти е партиска книшка на ВМРО-ДПМНЕ

  • Јаневска: Стотина подрачни училишта веќе се затворени, може да се пренаменат и во старски домови

  • Не е можно трајно вработување на образовни асистенти за децата со атипичен развој, вели Јаневска

Министерката Весна Јаневска свесно направи хаос со образовните асистенти – директно на штета на учениците со попреченост и нивните семејства.

Во интервју за „Радио слободна Европа“, министерката за образование објасни дека станува збор за објекти кои се веќе празни и дека не можат да бидат пренаменети во градинки или нешто слично бидејќи нема деца во тие населени места Таа говори и за оптимизација, што во суштина ќе значи затворање на подрачните училишта во чија близина има централни Министерството за образование работи на оптимизација на училиштата во земјава, што ќе значи и затворање на дел од нив.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовни асистенти, затоа што потребите во училиштата, се, како што вели, променливи.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

111 (2) ■ бизнис > претприемништво ■ 21-Jul 16:13 -> 21-Jul 16:21
.
.
.
.

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари

  • ▷ Кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) минатата година достигна 700 милијарди јуани (околу 97,5 милијарди долари), со стабилен годишен раст од 20 отсто, покажува денеска објавениот извештај на Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ). Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и го зазеде првото место на ранг-листите на најпопуларни апликации во 140 земји, пренесува „Глобал Тајмс“.

Според извештајот објавен денес од Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ), кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) забележа импресивен раст во изминатата година, достигнувајќи вредност од 700 милијарди јуани (приближно 97,5 милијарди американски долари). Ова претставува континуиран годишен пораст од 20 отсто.

156 (4) ■ сцена > култура ■ 20-Jul 10:58 -> 21-Jul 11:46
.
.
.
.

БЕРЛИН Е СИРОМАШЕН, НО СЕКСИ Во Охрид промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“ од Енис Хилми

  • „Берлин, градот што не го засакав на прва“ – наградената дебитантска книга од Енис Хилми промовирана во Охрид

Пред многубројна домашна публика и гости, синоќа во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.

Пред многубројна домашна публика и гости, викендов, во Охрид беше промовирана збирката раскази „Берлин, градот што не го засакав на прва“, на Енис Хилми, добитник на наградата „Новите“ од издавачката куќа Темплум, за најдобар дебитантски прозен ракопис во 2024 година.