1 (16) ■ вести > свет > нба ■ 20-Jun 19:24 -> 20-Jun 23:30
.
.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

  • МААЕ: Зголемено е зрачењето во нападнатиот ирански комплекс

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри опасност од зрачење и хемиски супстанции во нуклеарниот објект Натанз во Иран, иако нивоата на зрачење надвор од комплексот се на нормални нивоа, изјави шефот на таа организација, Рафаел Гроси, пред Советот за безбедност на ОН. „Сепак, во објектот во Натанз станува збор за радиолошка и хемиска контаминација“.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри опасност од зрачење и хемиски супстанции во нуклеарниот објект Натанз во Иран, иако нивоата на зрачење надвор од комплексот се на нормални нивоа, изјави шефот на таа организација, Рафаел Гроси, пред Советот за безбедност на ОН. „Сепак, во објектот во Натанз станува збор за радиолошка и хемиска контаминација“.

2 (159) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Jun 04:15 -> 20-Jun 21:24
.
.
.
.

Конечната пресуда за двојното убиство на Вања и Панче на 25 јуни

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Адвокатот на Манев побара казна само за киднапирањата на Вања и Панче, а не и за убиствата

  • Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче

Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни ќе ја изрече конечната пресуда во случајот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.

Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи.

3 (26) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Jun 15:01 -> 20-Jun 23:30
.
.
.
.

Филипче објави 19 кандидати за градоначалници од СДСМ

  • СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

  • ГЕРАСИМОВСКИ ЗА ЦЕНТАР, ТРАЈАНОВСКИ ЗА АЕРОДРОМ, АЦЕСКИ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Филипче ги објави првите 19 кандидати за градоначалници

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, официјално ги претстави 19 кандидати за градоначалници во претстојните локални избори.

Извршниот одбор на СДСМ вечерва даде согласност за 19 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори.

4 (46) ■ вести > македонија > хроника ■ 19-Jun 06:04 -> 20-Jun 18:22
.
.
.
.

Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна

  • Заврши судењето против Рамиз Мерко за незаконски назначувања на директори, одлуката ќе биде донесена утре

  • ПОСТОИ ЛИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ МЕРКО? Судиите и обвинителите избрани во Зајас и во Струмица го штитат криминалот на СДСМ и на ДУИ, обвини ВМРО-ДПМНЕ - plusinfo.mk

  • 🎥 Мерко пред пресуда - Обвинителството бара казна за незаконско поставување директори

Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Со завршни зборови на претставниците на Основното јавно обвинителство и адвокатот на одбраната, денес во Основниот суд во Струга заврши судењето против градоначалникот на општината Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско назначување директори во основните училишта во селата Лабуниште, Радолиште и Подгорце.Јавните обвинители Ванеса Бизати Билали и Џемал Љога во своите завршни зборови нагласија дека обвинетиот во својство на градоначалник несомнено постапил спротивно на прописите и позитивните законски овластувања во неколку случаи, со тоа што назначил лица кои не ги исполнувале условите за функцијата вршител на должноста директор.

ПОСТОИ ЛИ ИНСТИТУЦИЈА КОЈА МОЖЕ ДА ГО СПРЕЧИ МЕРКО?

Судот да го прогласи за виновен и да го осуди Рамиз Мерко,предлага јавното обвинителство бидејќи незоконското поставување на директори долгорочно влијание врз образовниот систем.

5 (156) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Jun 02:47 -> 20-Jun 21:19
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

  • Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

  • Мицкоски: Постои сериозна опасност дали СДСМ ќе продолжи да постои по локалните избори

  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра - пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати пред членовите на градската организација на партијата во Скопје и ги критикуваше локалните и централните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа таа ќе продолжи да постои по локалните избори.

Во СДСМ се сомничави дека зад проектот за пругата од Kоридорот 10 лежи огромен криминал.

6 (42) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 05:48 -> 20-Jun 19:15
.
.
.
.

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев, и организацискиот директор Нухи, одат во притвор

  • Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

  • Онкологија: Обвинителството бара притвор за екс-директорот Нухи - Има опасност од бегство

  • Обвинителство бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, додека поранешниот директор на „Онкологија“ Васев бара да се брани од слобода - Курир

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор на клиниката, Нехат Нухи, одат во притвор во траење од 30 дена, одлучи скопска Апелација.

Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“.

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“.

Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“.

7 (150) ■ вести > свет > еу ■ 18-Jun 00:45 -> 20-Jun 21:12
.
.
.
.

Трамп: Немаат поим што јас мислам за конфликтот меѓу Израел и Иран

  • Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

  • Трамп одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни објекти

  • Бела куќа: Трамп ќе донесе одлука за Иран „во следните две недели“

Американскиот претседател Доналд Трамп го негираше извештајот на „Волстрит журнал“ дека ги одобрил американските планови за напад врз Иран, велејќи дека весникот „нема поим“ што мисли тој за израелско-иранскиот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на тревникот на Белата куќа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни постројки.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека ќе одлучи дали да го нападне Иран во следните две недели поради „значителни“ шанси за преговори.

8 (24) ■ вести > македонија ■ 20-Jun 14:04 -> 20-Jun 23:30
.
.
.
.

ОБВИНИТЕЛОТ ХАЈРУЧАХИ ОБВИНУВА: Единствена причина за хајката против мене се бонусите на СЈО

  • Предложено разрешување на обвинителот Хајрулахи и казна за Цветановски поради тешки дисциплински прекршувања

  • Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители во врска со денешката одлука на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност дека тој и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведени две дисциплински постапки, утврди дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител, Јован Цветановски, од истата институција сториле тешки дисциплински повреди, согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.

11 (12) ■ вести > македонија > хроника ■ 20-Jun 18:01 -> 20-Jun 20:30
.
.
.
.

Истрага против две лица за тешка сообраќајна несреќа во Охрид во која едно лице загина

  • Обвинителството во Охрид побара притвор за момчето кое возејќи без дозола прегази жена на тротоар

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот “Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено.

Основното јавно обвинителство Охрид бара притвор за 21-годишниот возач кој возејќи без дозвола синоќа излета од улицата Туристичка во Охрид и на тротоар прегази 44-годишна жена, а тешко повреден беше нејзиниот партнер.

13 (17) ■ вести > македонија > бугарија ■ 20-Jun 13:39 -> 20-Jun 20:05
.
.
.
.

Просечната нето-плата во април била 45 452 денари

  • ▷ Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2025 година изнесува 68 294 денари Фото: МИА Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита за 14,7 проценти, образование за 14,4 проценти и административни и помошни услужни дејности за 13 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Повеќе од
оваа категорија

22 (21) ■ спорт > фудбал ■ 20-Jun 05:38 -> 20-Jun 17:01
.
.
.
.

Тандем на Ботафого се сели во Премиер лигата за „само“ 35 милиони евра

  • Ботафого го совлада ПСЖ на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

  • Луис Енрике: Ботафого е еден од најдобрите тимови против кои сме играле оваа сезона

Тандем на Ботафого се сели во Премиер лигата за „само“ 35 милиони евраБотафого го фасцинираше светот, а неговите клучни играчи одамна се запишани во бележниците на големите европски клубови.

Фудбалерите на Ботафого синоќа во Пасадена триумфираа над европски првак ПСЖ со 1:0, во натпревар од второто коло од групата Б на Светското клупско првенство.

Facebook / PSG - Paris Saint-Germain Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, даде свое видување по изненадувачкиот пораз од Ботафого (0-1) во второто коло од групната фаза на Светското клупско првенство во САД.

39 (32) ■ спорт > фудбал ■ 18-Jun 08:51 -> 20-Jun 21:45
.
.
.
.

Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД

  • Мбапе неизвесен за првиот меч на Реал на клупскиот Мундијал

  • Нови детали за Мбапе: Французинот излезе од болница

  • Мбапе излезе од болница и им се приклучи на соиграчите од Реал Мадрид

Реал Мадрид донесе одлука да го префрли својот најдобар фудбалер Килијан Мбапе, каде што ќе биде под надзор и подложен на дополнителни тестови, откако е откриено дека францускиот напаѓач има акутен гастроентеритис.

Под знак прашалник е настапот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.

Нови детали за Мбапе: Французинот излезе од болницаФранцускиот фудбалски ас Килијан Мбапе е отпуштен од болница и повторно се приклучи на репрезентативниот тренинг-камп.

Килијан Мбапе кој вчера беше хоспитализиран, се врати во тренинг кампот на Реал Мадрид и таму ја продолжува рехабилитацијата.

Повеќе од
оваа категорија

105 (10) ■ бизнис > економија ■ 19-Jun 15:16 -> 20-Jun 07:32
.
.
.
.

Амбасадорска посета на ТИТАН Усје: Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

  • ▷ 📷 АМБАСАДОРСКА ПОСЕТА НА ТИТАН УСЈЕ Иновациите и одржливите практики во фокусот на 70-годишниот јубилеј

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду.

70 (7) ■ сцена > култура ■ 20-Jun 09:25 -> 20-Jun 17:58
.
.
.
.

САШКО МИЦЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ Учел од мајсторите на „Блејд ранер“, „Гејм оф Троунс“ и „Хари Потер“

  • Сашко Мицевски нов в.д. директор на Агенцијата за филм

САШКО МИЦЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ Учел од мајсторите на „Блејд ранер“, „Гејм оф Троунс“ и „Хари Потер“ Новиот директор на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, има професионално искуство во Англија на проекти за Би-Би-Си и филмови во продукција на Пајнвуд студиос („Sherlock Gnomes“, „Mowgli“, „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald“ и „Birdbox“), како и авторски ангажмани во пост-продукција на македонски аудиовизуелни дела, меѓу кои и ТВ сериите „Преспав“ и „Куќен притвор“.

Владата на својата последна седница го именуваше м-р Сашко Мицевски (авторско име Сашко Потер Мицевски), филмски и ТВ монтажер и дизајнер на звук за нов вршител на должноста директор на Агенцијата за филм.

233 (7) ■ сцена > музика ■ 18-Jun 13:40 -> 19-Jun 13:15
.
.
.
.

▷ Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија“

  • Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија" " ekran

Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија“ е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија“ Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ во Скопје!

Втор концерт на Калиопи на 6 декември во „Македонска филхармонија” Актуелно, домашни звезди, музика, Сцена Првиот концерт на Калиопи кој е закажан на 14 ноември во „Македонска филхармонија” е пред распродавање, а поради големиот интерес од страна на публиката, Прагма продукција отвори и нов датум и тоа на 6 декември во „Македонска филхармонија” Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE” во Скопје!

256 (5) ■ сцена > life ■ 18-Jun 10:15 -> 19-Jun 16:02
.
.
.
.

Најбогатиот пар на светот прави свадба во овој град! Еве зошто активистите, сепак, не се за тоа

  • Милијардерот ангажирал средовечна новинарка, па се развел: Вака започнала аферата што наскоро ќе се претвори во свадба на годината

Активистите во Венеција започнаа серија протести против основачот на Амазон, Џеф Безос, кој следната недела треба да се ожени со вереницата Лорен Санчез на раскошна церемонија вредна повеќе милиони долари, настан кој делумно може да го парализира градот.

Сè започнало со едноставен ангажман, а по некое време ѝ шепнал на увце: „Не можеш да се бориш против хемијата“ Милијардерот и основач на „Амазон“, Џеф Безос, наскоро ќе се ожени со некогашната телевизиска водителка Лорен Санчез, кој уште од почетокот на врската со овој моќник привлекува големо внимание.

270 (4) ■ сцена > занимливости ■ 18-Jun 04:45 -> 19-Jun 15:45
.
.
.
.

Меланија и Доналд Трамп се разведуваат? Блиски на парот тврдат дека ТАА не го поднесува органски!

  • ЉУБОВНИ ШЕПОТЕЊА Читач на усни откри кој прекар го има Трамп за Меланија додека разговарале на парадата

Контроверзниот новинар Мајк Вулф открива некои пикантерии од животот на Меланија и Доналд Трамп Новинарот и биографот Мајк Вулф тврди дека Меланија Трамп не го поднесува својот сопруг Доналд Трамп, па затоа се појавува во улогата на прва дама во јавност само кога мора.

ЉУБОВНИ ШЕПОТЕЊА Читач на усни откри кој прекар го има Трамп за Меланија додека разговарале на парадата Читачот на усни Џереми Фримен тврди дека го открил нежниот прекар што американскиот претседател Доналд Трамп го користи за својата сопруга Меланија додека двајцата разговарале на воената парада, објавува „Ириш стар“. фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE Читачот на усни Џереми Фримен тврди дека го открил нежниот прекар што американскиот претседател Доналд Трамп го користи за својата сопруга Меланија додека двајцата разговарале на воената парада, објавува „Ириш стар“.

276 (4) ■ сцена > култура ■ 18-Jun 07:13 -> 20-Jun 00:30
.
.
.
.

Групна изложба „Аквизиции и донации (2014 - 2024)“ во Националната галерија

  • Прва изложба на откупените и подарените дела на Националната галерија во Чифте амам

Во Националната галерија, во објектот Чифте вечер ќе биде отворена групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Проектот се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата.

Националната галерија на Македонија на 19.6.2025 година (четврток), во објектот Чифте амам во 20 часот ќе ја отвори групната изложба „Аквизиции и донации (2014 – 2024)“. Како што укажува и самиот наслов, овој проект се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата.