1 (16) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 08:22 -> 16-Oct 15:15
.
.
.
.

Николоски: Имаме јасна позиција, нема уставни измени под бугарски диктат, без гаранции дека нема да има нови вета

  • Министерот Николоски направи увид во новата социјална зграда во Велес

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Велес, коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која рече дека уставните измени се клучен чекор кон почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, истакна дека позицијата на Владата е јасна, директна и отворена, а тоа е дека нема уставни измени под бугарски диктат и оти единствен начин тоа да се реши е да се даде гаранција дека нема да има натамошни блокади од ваков тип.

Во новоизградената социјална зграда во Велес со 29 станови, а чиј оглас за доделување преку Министерството за транспорт и врски е во тек до 21 октомври, денеска увид направи министерот за транспорт и врски Александар Николоски заедно со Марјан Стефановски генерален директор на АД за изградба на станбен и деловен простор и градоначалникот Марко Колев.

2 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 11:32 -> 16-Oct 15:06
.
.
.
.

Филков: Пред да замине од функцијата, Лога си ги зел документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ

  • Филков: Документот од Оценската мисија на Европската комисија е земен од мојот претходник

  • ЛОГА БУКВАЛНО ГО ИСПРАЗНИЛ КАБИНЕТОТ: Бившиот министер за правда си ja зел целата документација, ги нема ни препораките на ЕК

Пред да замине од функцијата, ексминистерот за правда Кренар Лога, од кабинетот во Министерството со себе го зел документот со препораки за Судскиот совет изработен од Оценската мисија на Европската комисија.

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда.

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда.

10 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Oct 19:28 -> 16-Oct 10:55
.
.
.
.

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

  • Филипче: Законот за правична застапеност не може да се прави во партиски штаб на ВЛЕН

  • Филипче: СДСМ е консолидирана, во ноември ново раководство на партијата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телевизија Сител, посочи на недоследностите во актуелната Влада во врска со носењето на нов Закон за правична застапеност откако Уставен суд го укина балансерот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за телевизија Сител, изјави дека со неговото стапување на функцијата претседател на партијата, СДСМ забележала прекин на падот во рејтингот и дека започнала значајна консолидација.

13 (10) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 16-Oct 12:15 -> 16-Oct 13:21
.
.
.
.

Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

  • Двајца во притвор, еден во бегство – поднесена кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

122 (7) ■ спорт > фудбал ■ 14-Oct 14:35 -> 16-Oct 11:56
.
.
.
.

Фудбалерите и претставниците на лигите ќе ја тужат ФИФА

  • „Случајот Диара“ победи на суд, ФИФА ќе ги менува правилата за трансфери

Глобалниот сојуз на професионални фудбалери ФИФпро во соработка со претставниците на еминентните европски национални првенства, поднесе жалба до Европската комисија против Светската куќа на фудбалот (ФИФА) поради исцрпувачкиот распоред на натпреварувањата, кој вклучува голем број на натпревари.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) најавува промени во системот за трансфери откако Европскиот суд пресуди во корист на Французинот Ласана Диара, кој ја тужеше ФИФА за „ “. Актуелниот правилник вели декка клубовите мораат да исплатат обесштетување на поранешниот клуб на играчот во моментот кога тој заминува како слободен агент и во случај кога договорот е раскинат без конкретна причина.

Повеќе од
оваа категорија