Во случајот нема политика и ќе одговараат сите коишто се обиделе да водат политика врз грбот на граѓаните и на животите што ги изгубија децата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Скршен сум и мојот дух е срозен“, со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски го започна своето обраќање по трагедијата во Кочани во која според досегашните информации животот го загувија 59 лица, претежно деца.
На прес-конференција во Владата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека владата ќе покаже одлучни чекори и одлуки, за да се реши кој е одговорен за пожарот во дискотеката во Кочани, во која загинаа најмалку 59 лица.
Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата најави дека од утре ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.