Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Брисел, каде денеска учествуваше на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД). – Колку повеќе време одминува и колку околните земји напредуваат, толку потешко ќе биде ние да фатиме чекор со нив во следниот период.
Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.
Со поддршка од 18 000 членови на СДСМ, Филипче доби 4-годишен мандат за лидер на партијата.
Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.