1 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-May 07:18 -> 05-May 08:06
.
.
.
.

Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

  • НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Народната Влада на Македонија пред 80 години ја утврди македонската азбука со 31 буква

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Комисијата за јазик и правопис е формирана од Президиумот на АСНОМ во ноември 1944 година со цел да поднесе предлог за азбука и правопис на македонскиот јазик.

2 (41) ■ вести > македонија > политика ■ 03-May 20:56 -> 05-May 07:50
.
.
.
.

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

  • ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

  • Мицкоски утре ќе го праша Таравари: Дали тивко ќе го поддржува ДУИ на локалните избори

  • ДУИ: Мицкоски не е и никогаш нема да биде тутор на политичко претставување на Албанците

Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Демократскиот сојуз ги осудува заканите за дестабилизација што ги упати лидерот на ДУИ Али Ахмети и ги повикува надлежните органи да преземат решителна акција за спречување на безбедносно-политичка криза каква што има намера да предизвика неговата партија.

Утре ќе се отвори темата за понатамошното функционирање на Арбен Таравари во Владата.

Демократската унија за интеграција со загриженост реагира на континуираните обиди на Христијан Мицкоски да се наметне како тутор на албанската политичка сцена.

3 (43) ■ вести > балкан > регион ■ 03-May 07:25 -> 04-May 21:37
.
.
.
.

ВУЧИЌ Е ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ВМА: Го пречекаа министерот за здравство Златибор Лончар и д-р Драган Динчиќ

  • ВУЧИЌ Е ПРИМЕН НА ВМА Откако му се слошило во САД итно се врати во Белград

  • Вучиќ е примен на Воено-медицинската академија во Белград

  • Поради здравствени проблеми Вучиќ ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ штотуку е примен на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, дознава „Блиц“.

, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, неофицијално дознава . Претседателот беше пречекан на ВМА од министерот за здравство Златибор Лончар.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Белград, а веднаш од аеродромот беше префрлен во Военомедицинската академија (ВМА) во Белград, неофицијално дознава белградски Телеграф.

Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош.

5 (20) ■ вести > македонија ■ 04-May 08:06 -> 04-May 17:24
.
.
.
.

ДОДЕЛЕНА Е ДРЖАВНАТА НАГРАДА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ Ја добија група автори за научното дело „Македонски дијалектен атлас“

  • Одбележување 122 години од смртта на Гоце Делчев

  • 122-годишнина од смртта на Гоце Делчев – во Собрание денес ќе биде доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни достигнувања во научната област

Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година денеска им беше доделена на група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, академик и проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Еленка Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, постхумно на проф. д-р Аритон Поповски, проф. д-р Маријана Киш и проф. д-р Убавка Гајдова за научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотетката-лексички материјали)“. На доделувањето на наградата во Собранието присуствуваше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека со државната награда „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Македонија.

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Денес во државата се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода, Гоце Делчев.

8 (27) ■ вести > македонија ■ 03-May 07:05 -> 04-May 11:42
.
.
.
.

Оние што се сликаат и го претставуваат проектот за Коридорот 8 како свој се истите што претходно го саботираа, велат од ДУИ

  • Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

  • МАКЕДОНИЈА КАКО НИКОГАШ ПОРАНО Е ЕДНО ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ Мицкоски рече дека се гради на 1.200 локации

Народот не заборава кој гради, а кој саботираше, а оние кои го саботираа немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат – се вели во реакцијата на Демократската унија за интеграција по вчерашниот настан на свеченото започнување на градежните работи на делницата Тетово – Гостивар, дел од Коридорот 8. Одговорот на ДУИ следува откако вчера, првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар, рече дека наместо фотообјективи, околу нив се слуша звукот на багери, камиони и булдожери, а само пред неколку години единствените градежни активности тука беа гламурозни прес-конференции и ленти кои никогаш не беа пресечени со асфалт, најверојатно мислејќи на фактот што минатата влада, која беше потписник на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-д, во два наврати организира прес-конференции на две точки каде што треба да поминуваат делниците.

Денес, со гордост и висока одговорност кон граѓаните, го најавуваме официјалниот почеток на работите за изградба на новиот автопат Тетово-Гостивар, капитален и стратешки проект за регионот и целата земја.

Камен-темелник за изградба на автопатот Тетово-Гостивар во должина од околу 18 километри беше поставен денеска, а се очекува тој да биде завршен во 2027 година.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

51 (8) ■ бизнис > македонија ■ 03-May 19:55 -> 04-May 17:21
.
.
.
.

Со музика и сангрија испратени патниците на првите летови за Барселона и за Лион

  • Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион

Со диџеј кој пушташе шпанска и француска музика на излезите 201 и 202, на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и со освежителни пијалаци – безалкохолна сангрија, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, вечерва на Меѓународниот Аеродром Скопје ги испрати првите 161 патник кои полетаа за Барселона и првите 180 патника кои се упатија кон францускиот град Лион, означувајќи го почетокот на овие две авиолинии, на кои од денеска, 3-ти мај 2025, редовно ќе лета нискобуџетната авиокомпанија Виз ер. На првиот лет за Барселона, беше и добитничката на двата авиобилети од Виз ер, која беше избрана по случаен избор преку повикот за дарување кој ТАВ Македонија го објави на Инстаграм-страницата и Фејсбук-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечерва стартуваа првите летови за Барселона и за Лион на нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“.