Вработените во основното и средното образование од октомври ќе земаат поголема плата за 5%, информираат денес од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Владата, по одржаната средба на која беше постигнат договорот.
За мене е исклучително важно ова што го соопшти претходниот говорник дека после неколку неделни преговори и анализи, но и врз основа на она што го имаме како информација како се полни буџетот и што и како проектираме за годините кои што следат, сакавме да постигнеме договор кој ќе биде долгорочен, да не треба сега секоја година или секој месец повторно и повторно во јавноста да се препелкаме, па да има кризи, па да има закани, штрајкови и слично.