Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат.
Гевгелија денес беше домаќин на свечено пуштање во употреба на новата обиколница – улицата „Свети Климент Охридски“, капитален инфраструктурен проект во вредност од над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра). Новиот западен булевар претставува значајна сообраќајна артерија која, според премиерот Христијан Мицкоски, ќе придонесе за подобар економски и секојдневен живот во градот.