Вкупно 11 лица утрово се уапсени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при пад на настрашницата на железничката станица животите ги загубија 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени, соопшти . Меѓу единаесеттемина уапсени, како што дознава спрскиот национален сервис РТС, се и министерот за транспорт во оставка Горан Весиќ, неговата помошничка задолжена за железнички и интермодален транспорт, Анита Димоски, в.д. директорката на јавното претпријатие Јелена Танасковиќ, која вчера си поднесе оставка од функцијата, како и нејзиниот претходник во претпријатието, Небојша Шурлан.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.