1 (27) ■ вести > македонија ■ 06-Feb 09:49 -> 08-Feb 20:54
.
.
.
.

„Правда за Фросина, коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем!“, порача Росица Кулакова

  • Денеска во Неготино протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“

  • Бесплатен превоз од Скопје за протестот во Неготино - "Фросина заслужува правда"

На протестот во Неготино, сестрата на загинатата Фросина Кулакова, Росица Кулакова истакна дека проблемите во општеството потекнуваат од судскиот систем кој не ги казнува соодветно злоделата.

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи денеска во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи.

Протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи во сабота во Неготино за смртта на младата Фросина Кулакова.

5 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Feb 10:26 -> 08-Feb 20:42
.
.
.
.

Поддршка од македонските парламентарни партии за Македонците во Албанија

  • Преставници на СДСМ, ВМРО, ЗНАМ и Левица на состанок во Корча пред изборите

  • Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија

Активни мерки како и соработка со албанската Влада за подобрување на состојбата и зачувување на идентитетот на македонското малцинство во Албанија, најави заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на денешната средба во Корча организирана од партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). -Знаете, основа е економската ситуација.

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствен автентичен политички глас на Македонците во Албанија, денеска организира состанок во Корча, со претставници на македонските парламентарните партии, ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, на Демократски сојуз, а најавено е и присуство и на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и на Левица, Димитар Апасиев.

Стерјовски истакна дека присуството на претставниците на политичките партии од власта и од опозицијата во Корча е јасен показател дека грижата за Македонците во Албанија е национален интерес кој ги надминува партиските разлики.

6 (24) ■ вести > македонија ■ 07-Feb 07:29 -> 08-Feb 14:15
.
.
.
.

УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава

  • УЈП: Во поголемите ланци на маркети пад во прометот од 22,12% на 06 и 07 февруари

  • Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник

Во четвртокот на 6 февруари до полноќ во GPRS системот на Управата за јавни приходи (УЈП) е регистриран вкупен промет во износ од 232.791.773 денари, а издадени се 417.866 фискални сметки, додека во петокот на 7 февруари до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 181.288.348 денари а издадени се 346.317 фискални сметки.

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно интересот на јавноста, во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS), односно регистриран готовински промет во 8 – те поголеми ланци на маркети на територијата на целата држава за деновите 06 и 07 февруари 2025 година.

За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти.

Повеќе од
оваа категорија

26 (21) ■ спорт > фудбал ■ 06-Feb 09:38 -> 08-Feb 21:41
.
.
.
.

Винисиус ја одби првата понуда од Реал Мадрид

  • Челникот на Ла Лига за Реал – Полудеа

  • Шпанските клубови го кренаа гласот – бараат санкции за Реал поради притисок врз судиите

Винисиус Жуниор, еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, ја одби првата понуда од европскиот и шпански шампион за продолжување на договорот, иако му беше понудено зголемување на платата во однос на сегашните 15 милиони евра годишно.

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас во четвртокот остро го критикуваше Реал Мадрид, тврдејќи дека клубот е „против сѐ и сака да ѝ наштети на конкуренцијата“, а неговите изјави дојдоа откако претставници на „Кралскиот клуб“ одбија да присуствуваат на состанокот меѓу Ла Лига, Техничкиот комитет на судиите и шпанската фудбалска асоцијација RFEF.

На состанокот, прв од ваков вид во Шпанија, на кој присуствуваа претставници на сите прволигашки и второлигашки клубови, беше заземен ставот да се санкционира Реал Мадрид поради притисок врз судиите.

Повеќе од
оваа категорија

230 (4) ■ бизнис > економија ■ 06-Feb 12:16 -> 06-Feb 13:08
.
.
.
.

ВИКТОР МИЗО ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТРЕБНИ СЕ НОВА СТРАТЕГИЈА И НОВ ПРИСТАП ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ВО ЗЕМЈАВА“

  • Виктор Мизо: Потребни се нова стратегија и нов пристап за привлекување странски инвеститори

Во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески гостин е м-р Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал Македонија“ ДОО Охрид, како и претседател на Советот за странски инвеститори и на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, тела при Стопанската комора, кој зборува за новиот пристап кој е потребен денес за привлекување странски инвеститори во нашата земја.

Генералниот менаџер на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, смета дека не е потребно само креирање нова стратегија, туку и генерирање нов пристап на размислување за тоа што треба и како треба да се направи за да се привлечат нови странски инвеститори во нашата земја, бидејќи ние сме мала држава, која денес има многу ограничени ресурси.

106 (10) ■ сцена > култура ■ 06-Feb 08:29 -> 08-Feb 12:06
.
.
.
.

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година

  • Алаѓозовски: Љутков направи мизерен партиски избор, наградувајќи ги своите поддржувачи и естрадни пропагандисти

Гевгелија е Град на културата за 2025 година, соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска заедно со државниот секретар, Марија Ѓоргова, ги посети институциите од областа на културата во овој град.

„Министерот за култура и туризам Зоран Љутков направи мизерен партиски избор, наградувајќи ги со најголеми износи своите поддржувачи и естрадни пропагандисти“, вели во изјава за Фронтлајн, Роберт Алаѓозовски – поранешниот министер за култура и поранешен национален координатор за развој на културата, коментирајќи ја државната финансиска подршка на годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес за 2025 година од Министерството за култура.

209 (4) ■ сцена > култура ■ 06-Feb 07:14 -> 07-Feb 19:32
.
.
.
.

Изложба во галерија „Остен“ по повод прогласувањето на Киро Урдин за Уметник на светот

  • Отворање на официјалната изложба на Остен Биенале 2024 и доделување награди и признанија на уметници

Синоќа во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје беше отворена официјалната изложба и беа доделени награди и признанија на уметници и сорботници на „Остен“, по повод 80 години постоење на оваа културна институција, која предизвика голем интерес.

Активностите на Остен Биеналето Скопје 2024 кои со голем успех се одвиваа во текот на целата измината година, ќе имаат своја завршница вечер во 19 часот во Националната галерија на Република Северна Македонија – Чифте амам Скопје со отворањето на официјалната изложба и доделувањето на награди и признанија на уметници и сорботници на ОСТЕН.