Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева оти тензиите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе деескалираат, по вчерашните индиски напади врз цели во Пакистан, јави ДПА.
Пакистан тестираше нова ракета во понеделникот, во услови на ескалација на тензиите со својот архи-ривал Индија, по смртоносниот терористички напад во спорниот регион Кашмир, што ги доведе нуклеарно вооружените соседи на работ од војна.
Индија вели дека започнала ракетни напади врз девет локации во Пакистан и Кашмир, администриран од Пакистан.
Индија истрела ракети преку границата кон територија контролирана од Пакистан на најмалку девет локации рано утрово, а пакистанските власти велат дека најмалку 26 лица се убиени.