1 (7) ■ бизнис > македонија ■ 02-Apr 07:11 -> 02-Apr 10:05
.
.
.
.

Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз

  • Ќе слета авион на „Изиџет“ - Стартува новата авиолинија од Париз до Скопје

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз.

На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.

3 (13) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 02-Apr 07:44 -> 02-Apr 09:41
.
.
.
.

Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци

  • Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и Горно Лисиче

Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија.

Регионалниот Центар за управување со кризи– Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, вчера во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што истата е излеана преку мостот кај населеното место Љубош и низводно, и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци, како и делови кон Пинтија.

15 (8) ■ вести > македонија ■ 02-Apr 07:53 -> 02-Apr 10:00
.
.
.
.

Град Скопје: Одржување на каналите и коритото на реката Маркова Река е во надлежност на општина Студеничани и МЖСП

  • ЛИЧНО ИМАМЕ ПОБАРАНО ОД ГРАДОТ ДА ГО ИСЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО, ВЕЛИ ЃОРЃИЕВСКИ: Од Град Скопје велат „немаме надлежности“

Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од Град Скопје.

По излевањето на Маркова река, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека градот Скопје не си ја завршил работата и не го исчистил речното корито на реката.

Повеќе од
оваа категорија

28 (40) ■ спорт > фудбал > мак фудбал ■ 31-Mar 15:41 -> 01-Apr 15:54
.
.
.
.

Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи

  • Скандал: Навивачите на Шкендија наместо минута молк во Тетово, пееја песна за УЧК(видео)

  • ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

  • ФФМ за срамниот потег во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе со реакци по скандалозното однесување на одредени навивачи за време на едноминутниот молк со кој се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани на денешниот натпревар со Брера.

На денешниот натпревар помеѓу Шкендија и Брера видовме скандалозно однесување на домашните навивачи кои во текот на минутата молк кога се оддаваше почит на фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров и останатите жртви во трагедијата.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.

Поради нечовечкото однесување на пред натпреварот од 25. коло во ПМФЛ против струмичка Брера стигна реакција од Фудбалската федерација на Македонија.

32 (30) ■ спорт ■ 31-Mar 07:27 -> 31-Mar 19:14
.
.
.
.

Меншик: Сакав да се предадам, но имав среќа што судијата беше на ручек!

  • Комплименти од Ѓоковиќ за Меншик: Ме боли да признаам, ама во моментов си подобар од мене

  • Победата над Ѓоковиќ му донесе и богата награда: Еве колку заработи сензационалниот освојувач на турнирот во Мајами

  • Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик славеше во финалето на турнирот во Мајами против Новак Ѓоковиќ со 7-6 и 7-6, меѓутоа по мечот откри дека планирал да се откаже.

И по 16 месеци, Новак Ѓоковиќ останува без АТП титула и без долгоочекуваниот 100. трофеј во кариерата иако имаше голема шанса до него да стигне на Мастерсот во Мајами.

Чешкиот 19-годишен тенисер Јакуб Меншик го победи Новак Ѓоковиќ со 7:6(4), 7:6(4) во финалето на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, со тоа достигнувајќи успех во кариерата и спречувајќи го српскиот тенисер да ја освои стотата титула во неговата сјајна кариера.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не сака да бара оправдување во проблемите со очите за поразот од Чехот Јакуб Меншик ноќеска во финалето на Мастерсот во Мајами.

Повеќе од
оваа категорија

98 (5) ■ бизнис > македонија ■ 01-Apr 12:50 -> 01-Apr 13:37
.
.

ИСОС ја организира втора регионална конференција на професионалните сметководители посветена на новата ера во професијата

  • НОВА ЕРА ВО СМЕТКОВОДСТВОТО Втора регионална конференција на професионални сметководители во организација на ИСОС

Во организација на ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители, на 3 април 2025 година во Скопје, ќе се одржи втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“.

Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), на 3 април 2025 година во Скопје, ќе се одржи втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“.

101 (4) ■ бизнис > економија > хроника > крими хроника ■ 01-Apr 16:01 -> 01-Apr 17:57
.
.

Започна процесот на воведување „Договори за разлика“, нов модел за инвестиции во обновливи извори на енергија

  • „Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го започна процесот за воведување на механизмот „Договори за разлика“ (Contract-for-Difference – CfD) како нов модел за поддршка на инвестициите во обновливи извори на енергија.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), го започна процесот за воведување на механизмот „договори за разлика“ (Contract-for-Difference – CfD) како нов модел за поддршка на инвестициите во обновливи извори на енергија.

119 (4) ■ бизнис > живот ■ 01-Apr 10:51 -> 01-Apr 15:00
.
.
.
.

Македонските православни цркви во Торонто имаат цел да соберат 100.000 долари за настраданите во Кочани

  • Македонските православни цркви во Торонто во заедничка хуманитарна акција за настраданите во Кочани

Со благослов на Високопреосвештениот Митрополит на Американско-канадска Македонска Православна Епархија г. Методиј, на 29 март 2025 година, во Македонскиот православен епархиски храм „Св. Климент Охридски“ – Торонто, во организација на сите Македонски православни цркви во Канада, се одржа голем хуманитарен настан за собирање финансиски средства за настраданите во трагичниот пожар во Кочани, пишува Литургија.

Со благослов на митрополитот Американско-канадски на МПЦ -ОА г.Методиј, во македонскиот православен епархиски храм „Св. Климент Охридски“ – Торонто, во организација на сите македонски православни цркви во Канада, изминатиотв викенд се одржа голем хуманитарен настан за собирање финансиски средства за настраданите во трагичниот пожар во Кочани.