На 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв” со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.
Вчера во 12.05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Цветан Димов“ со ул.„Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „јутонг“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на ЈП Кавадарци, управуван од И.К.(52) од Кавадарци и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.П.(37) од Кавадарци.