1 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Nov 09:07 -> 06-Nov 09:36
.
.
.
.

Мицкоски му ја честиташе победата на Трамп

  • Мицкоски меѓу првите му ја честита победата на Трамп

Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Donald J. Trump за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил „Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

Премиерот Христијан Мицкоски лично и во име на граѓаните, упати срдечни честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

6 (82) ■ вести > свет ■ 04-Nov 07:24 -> 06-Nov 09:24
.
.
.
.

На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори

  • Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат

  • Трамп е осуден, како може да гласа во Флорида?

  • Доналд Трамп на чекор до враќање во Белата куќа

Врз основа на тековните проекции на Си-ен-ен, се помали се шансите потпретседателката Камала Харис до победи на претседателските избори.

Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си. Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два.

Иако законодавството на Флорида им го отежнува гласањето на луѓето со осуди за кривично дело, Трамп нема да има проблеми со гласањето.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп победи во Северна Каролина, како и во Џорџија, две од клучните држави што традиционално не се определени ниту за една партија, со што го трасираше патот до победа на претседтелските избори во САД.

11 (78) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Nov 08:47 -> 06-Nov 09:01
.
.
.
.

СДСМ во Собрание поднесе закон за укинување на ДДВ на основните прехранбени производи

  • Филипче: Во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

  • Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени

  • Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи измените и дополнувањето на Законот за ДДВ поднесен од СДСМ

Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието.

Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму.

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

14 (36) ■ вести > свет > регион ■ 04-Nov 18:23 -> 05-Nov 19:10
.
.
.
.

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада

  • Српскиот министер низ солзи поднесе оставка: Одговорен сум, но не виновен

  • Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

  • По несреќата во Нови Сад, падна првата оставка

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад, кога во уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

163 (6) ■ бизнис > економија ■ 04-Nov 08:53 -> 05-Nov 09:07
.
.
.
.

Нафтените деривати поевтинија од полноќ

  • Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалија за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.