1 (28) ■ вести > македонија > грција ■ 22-Jul 11:59 -> 23-Jul 18:28
.
.
.
.

Герaпетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава

  • МУЦУНСКИ ЌЕ ИМА ВАЖНА СРЕДБА СО ГРЧКИОТ КОЛЕГА Атина е поддржувач на Скопје, велат грчките дипломати

  • Муцунски на средба со Герапетритис – во фокусот билатералната соработка, економијата и инвестициите

Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи.

За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

12 (21) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 22-Jul 08:48 -> 23-Jul 10:15
.
.
.
.

Хараламбус џентлменски и честиташе на Шкендија и заклучи: Голманот нѐ спаси од потежок пораз

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ШКЕНДИЈА…. Македонскиот шампион со предност ќе патува во Букурешт! (ВИДЕО)

  • Николов: Николов: Шкендија е македонски тим, но јас ќе навивам за ФЦСБ

ФЦСБ допатува како фаворит за победа во Скопје и таков расплет очекуваа сите романски медиуми, кој по конечниот епилог на националната арена „Тодор Проески“, со голема загриженост ги пренесоа сите детали од мечот, но и изјавите на главните актери.

Македонскиот шампион Шкендија со предност од 1-0 ќе патува во Букурешт против романскиот шампион ФЦСБ во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов беше присутен на синоќешниот тренинг на романскиот клуб ФЦСБ, кој се одржа на спортскиот комплекс на Фудбалската федерација на Македонија.

Повеќе од
оваа категорија

36 (5) ■ бизнис > економија ■ 23-Jul 15:41 -> 23-Jul 17:54
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

  • Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната нето плата во мај изнесувала 45.796 денари.

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.