1 (4) ■ вести > македонија > хроника ■ 03-Jun 11:28 -> 03-Jun 13:45
.
.
.
.

Точка

  • Обвинителството отвори истрага за шесткатница дивоградба во Чаир

„Објектот почнал да се гради 2024 година, без одобрение и на државно земјиште, на улицата Кемал Сејфула во Чаир.

Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, Основното јавно обвинителство Скопје почна истражна постапка против едно лице за кривично дело бесправно градење.

4 (27) ■ вести > свет > украина ■ 02-Jun 16:08 -> 03-Jun 11:15
.
.
.
.

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

  • Ердоган по преговорите во Истанбул: Ќе преземеме чекори за организирање средба меѓу Путин и Зеленски

  • Трамп сè уште е подготвен да оди во Турција, на средба меѓу Зеленски и Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја поддржува иницијативата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган да се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Турција, јави Укринформ.

Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во главниот град Анкара или во Истанбул, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè уште „подготвен“ да отпатува во Турција на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа – Керолин Ливит.

12 (55) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Jun 09:15 -> 03-Jun 13:45
.
.
.
.

Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши

  • Јахоски ја отру и украде државата, па од судот доби пасош за шетање по Босфор

  • Jaхоски се пријавил во Кривичен по викендот во Истанбул, од Апелација велат дека не му дале пасош

  • Како Јахоски доби времен пасош?

Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на новинарско прашање за коментар по изјавата на судските власти, дека гаранцијата од околу 2 милиони евра е доволна да му се издаде пасош на Асмир Јахоски, за напуштање на државата.

Асмир Јахоски кој го оштети Буџетот на државата за неверојатни 167 милиони евра и за кого се води постапка, моментално ужива на Босфор, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдија од Кривичен за МИА.

Газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски е вратен во Македонија и утрово се пријавил во Кривичниот суд откако претходно викендов беше на патување во Турција со времен пасош.

13 (4) ■ вести > македонија ■ 03-Jun 11:09 -> 03-Jun 14:00
.
.
.
.

Тошковски за случувањата со Арсовска: Ова што го гледа македонската јавност е циркус пред локални избори, да беше во првата година ќе беше за поздрав

  • Тошковски за Арсовска: Циркус и парада, да беше во првата година од мандатот, ќе беше за поздрав

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со повиците на градоначалничката Данела Арсовска органите да постапат за дивоградбите во Чаир, како и за заканите по живот што ги добива, вели дека МВР и Обвинителството реагираат по однос на секоја пријава кон било кого.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со повиците на градоначалничката Данела Арсовска органите да постапат за дивоградбите во Чаир, како и за заканите по живот што ги добива, вели дека МВР и Обвинителството реагираат по однос на секоја пријава кон кого и да е. Во однос, пак, на работата на градоначалниците за тоа што е дозволено, а што не, со закон да се гради, вели дека добро е тоа да го прават цел мандат, а не само пред избори.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

193 (4) ■ бизнис > економија ■ 02-Jun 11:25 -> 02-Jun 15:15
.
.
.
.

„Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини“

  • Студенти од ФЕИТ почнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

21 (10) ■ сцена > култура ■ 02-Jun 17:30 -> 03-Jun 10:45
.
.
.
.

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

  • МНТ со „Народен пратеник“ вечерва во натпреварувачкиот дел на Стеријино позорје

Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад во состав Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател, на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

На театарскиот фестивал Стеријино позорје во Нови Сад вечерва е последната натпреварувачка претстава – „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, што ќе ја одиграат од ансамблот на Македонскиот народен тетар.

122 (4) ■ сцена > култура ■ 02-Jun 08:00 -> 03-Jun 08:42
.
.
.
.

„Кататонија“ треба да еманципира млада публика, за тие да ги поправат грешките што ги направила нашата генерација, таа пред неа и таа пред неа

  • Концерт на хрватскиот ансамбл „Ладо“ во Националната опера и балет Скопје, гостин македонски „Танец“

Република / Сања Арсовска: „Кататонија“ треба да ја погледне секој што сака да види и почувствува брутален театар, чист сценски приказ, комплексно изградени ликови „Кататонија“ не е претстава која дава надеж, барем не во сцените, надежта треба да се разбуди кај публиката откако ќе го добие шамарот кој треба да ја освести дека ова вака веќе не оди, вели во интервју за „Република“ актерката Сања Арсовска, пред премиерата на претставата која е закажана за утре, 3 јуни, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Режисер е Васил Христов, а драматург е Викторија Рангелова-Петровска.

На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви на драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов и драматург Викторија Рангелова-Петровска.