1 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Nov 11:34 -> 27-Nov 14:56
.
.
.
.

Министерот Таравари е во добра состојба по вчерашниот колапс

  • Таравари колабирал и итно бил пренесен во болница

  • Арбен Таравари колабирал и завршил во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, објави дека колабирал и завршил во болница, откако вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев удар.

Министерот за здравство Арбен Таравари ја информира јавноста дека завршил во болница откако колабирал.

2 (9) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Nov 13:32 -> 27-Nov 15:00
.
.
.
.

Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот ама не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија

  • Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија.

3 (23) ■ вести > свет > еу ■ 27-Nov 10:12 -> 27-Nov 14:16
.
.
.
.

Европратениците ја одобрија новата Европска комисија

  • Фон дер Лајен: Ќе ги поддржуваме кандидатите за членство на нивниот пат кон ЕУ се додека не бидат подготвени да ни се приклучат

  • ЕП ја изгласа новата европска комисија ,Фон Дер Лајен : Новата комисија ќе се заснова на три столба

Европскиот парламент денеска со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“ го одобри изборот на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен.

Борбата за слобода „не поврзува како Европејци“ и таа е причината за постоењето на нашата Унија и денес станува нејзина движечка сила повеќе од кога било досега, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент во пресрет на денешното гласање за одобрување на новиот Колеџ на комесари.

Членовите на ЕП денеска ја изгласаа новата комисија на чело со претседателката Урсула Фон Дер Лајен.

4 (6) ■ вести > македонија ■ 27-Nov 14:20 -> 27-Nov 14:59
.
.
.
.

Претседателот на МАНУ, Попов: Формирање моноетничка албанска академија е нерационално и неосновано

  • Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот Попов

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на иницијативата за основање албанска академија на науките во земјава и на Законот за употреба на јазиците кој е предмет на дискусија во јавноста и е на разгледување во Уставниот суд.

Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.

5 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 27-Nov 13:33 -> 27-Nov 14:03
.
.
.
.

Земјотрес во Валандовско со јачина од 3 степени

  • Земјотрес почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрира земјотрес, чиј епицентар се наоѓа на 132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово, со Рихтерова локална магнитуда ML 3.0. Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 13 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

9 (73) ■ вести > свет ■ 25-Nov 14:23 -> 27-Nov 13:45
.
.
.
.

Либанскиот премиер бара повлекување на Израел од сите заземени позиции

  • Договорот за прекин на огнот во Либан не предвидува зона на раздвојување

  • Хамас е подготвен за прекин на огнот во Газа, по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах

  • Израел се согласи на примирје со Хезболах: Нетанјаху го објави условот за завршување на војната

Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, побара Израел целосно да се придржува до новиот договор за прекин на огнот и да се повлече од сите региони и позиции што ги зазеде досега.

Израелскиот ТВ Канал 12 вечерва ги објави клучните елементи од предложениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и либански Хезболах со посредство на САД за запирање на израелската војна во Либан.

Хамас соопшти дека е „подготвен“ за примирје во Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, пренесува АФП.

Израелската влада вечерва на владина седница официјално ќе гласа за примирје со исламистичката група Хезболах со која војува повеќе од една година.

11 (136) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Nov 07:06 -> 27-Nov 14:51
.
.
.
.

СДСМ: Апсурд од премиер – Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

  • Филипче: Многу отворени прашања за унгарскиот кредит, ние дававме кредити со многу пониски каматни стапки

  • Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на СДСМ

  • Мицкоски очекува тендерот за автобуси за јавниот градски превоз да се распише до крајот на годината

Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција.

Електричните автобуси за јавниот градски превиз ќе се набавуваат на тендер кој се очекува да се распише до крајот на годината, техничката документација се подготвува, заинтересираните компании ќе можат да се пријават, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“ во Општина Кисела Вода.

13 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Nov 13:03 -> 27-Nov 14:48
.
.
.
.

Новиот известувач на ЕП, Томас Вајц: Се сомневам дека Отворен Балкан има за цел да го зацврсти влијанието на Србија во регионот

  • Вејц: Треба да се обезбеди промена на Уставот, но и да се обезбеди дека нема да има дополнителни барања, тоа треба да биде обврзувачкo

Новиот известувач на ЕП за Севера Македонија, Томас Вајц, на денешниот брифинг со македонските новинари во зградата на Европскиот парламент, во одговор на новинарско прашање дали Отворен Балкан е е начинот да се бранат интерсите , со оглед на закочениот евроинтрегративен процес на Северна Македонија поради блокадата на Бугарија, одговори: Во принцип секоја (меѓусебна) соработка е добра, но се сомневам дека Отворен Балкан има за цел да го зацврсти влијанието на Србија во регионот, политички е легитимно да се бара тоа, но мене тоа ми мириса на алтерантивен процес на ЕУ пристапувањето, алтернатива на Берлинскиот процес… во принип економската и особено културната соработка е клучна во регионот.

Гледам показатели дека оваа Влада има подготвеност да оди напред во евроинтеграциите, ако за тоа има гаранции дека Бугарија нема да поставува нови барања и да го блокира натаму процесот, рече на средба со македонски новинари новиот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија Томас Вајц, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.

Повеќе од
оваа категорија

52 (21) ■ спорт > фудбал ■ 25-Nov 08:21 -> 27-Nov 14:37
.
.
.
.

Гвардиола признава: Тешко е без најдобриот

  • Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи

  • Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Вечерва Манчестер сити ќе се соочи со холандски Феенорд во рамките од 5. коло во Лигата на шампионите и избраниците на Пеп Гвардиола ќе се обидат во овој натпревар да ја прекинат серијата од пет порази во низа во сите натпреварувања.

Признавам дека во моментов мојот тим не е подготвен за големи работи, но го барам вистинскиот пат, изјави денеска тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по новиот пораз на актуелниот англиски шампион.

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижаа порази на последните пет натпревари во сите натпреварувања.

Повеќе од
оваа категорија

240 (5) ■ бизнис > македонија ■ 25-Nov 18:06 -> 26-Nov 08:24
.
.
.
.

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

  • Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Тие нудат опции за секој инвеститор, а банкарските и инвестициските експерти ги едуцираат и им помагаат на клиентите да ги усогласат своите можности и финанските цели кои сакаат да ги постигнат, вели во интервју за Фактор, ексклузивно по ребрендирањето, Главниот извршен директор на НЛБ Фондови, Лазе Камчев.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

281 (4) ■ бизнис > економија ■ 25-Nov 09:05 -> 25-Nov 10:35
.
.
.
.

СТОПАНСКАТА КОМОРА ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Беше разговарано за учество на локалните компании во проектите за Коридорите 8 и 10д

  • Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека ја продолжува соработката со „Бехтел и Енка” преку презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување.

Како дел од континуираните активности за унапредување на локалниот синџир на снабдување на проектот за автопатиштата од Коридорите 8 и 10д, претставници на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ ја презентираа платформата за соработка пред вработените во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Северна Македонија во Прилеп и во Битола.