Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неодамна, во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, одбил понуда за соработка околу ескалацијата меѓу Израел и Иран – враќајќи го фокусот на, според него, поважниот конфликт: војната во Украина.
Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес упати директно предупредување до Израел, велејќи дека не смее да извршува воздушни напади врз Иран, бидејќи тоа би било „сериозно кршење“ на договореното примирје.
Фото: ЕПА / Доналд Трамп Американскиот претседател објави на социјална мрежа дека Иран испукал 14 ракети што сите биле пресретнати или пренасочени.