1 (4) ■ вести > македонија ■ 02-May 07:22 -> 02-May 08:39
.
.
.

Без струја делови од Центар, Ѓорче Петров и Горно и Долно Лисиче

Без електрична енергија денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат дел од ул.„Ленинова“, реон кај Министерството за земјоделство.

4 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 30-Apr 09:39 -> 01-May 18:07
.
.
.
.

ВЛАДА: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

  • СДСМ: Ние сме со работниците за 1 мај и секој друг ден

  • СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни!

  • Филипче: Трудот мора да се вреднува, а гласот на работникот да се слуша

Владата во целост ги демантира лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ.

СДСМ изразува цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки.

По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите работници, истакнувајќи дека СДСМ секогаш бил и останува на страната на работниците.

5 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 30-Apr 13:24 -> 01-May 19:42
.
.
.
.

ССМ денес на протест за повисоки плати и подобри услови за работа

  • КСС нема да учествува на протестот на ССМ по повод 1 Мај

  • ССМ започна првомајски протест за повисоки плати и поголеми права на работниците

  • Трендафилов: На утрешниот протест нема да се делат сендвичи

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Според него, кога ќе почувствуваат дека се загрозени нивните права или се дискриминирани, нема да го чекаат 1 Мај, туку веднаш ќе излезат на протест Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот протест во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а по повод 1 Мај, рече денеска нејзиниот претседател Благоја Ралповски.

Здружението на синдикати на Македонија (ССМ) утрово пред Домот на работници го започна собирот за поголеми примања и подобри работни услови.

Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите оние кои се грижат за благосостојбата на работниците да се приклучат на утрешниот протест, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

9 (17) ■ вести > македонија > политика ■ 01-May 07:33 -> 01-May 18:43
.
.
.
.

ВЛЕН: Одлуката на Уставниот суд за Медресето – пораз за Али Ахмети и ИВЗ

  • Директен напад врз верската слобода – велат од ДУИ за одлуката на Уставниот суд за училиштето „Медресеја Иса Беу“

Oдлуката на Уставниот суд за поништување на лажната акредитација на Медресето „Иса Беу” претставува удар за сите оние кои беа измамени од празните ветувања на ДУИ и соработничкиот молк на ИВЗ.

Според уставните судии, ниту уставот, ниту кој било закон во државата не дозволува и не предвидува постапка за основање на приватно средно училиште со граѓанско образование од страна на верска заедница или религиозна група Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение до медиумите ја осуди одлуката на Уставниот суд за укинување на одобрението за основање на Приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во скопското село Кондово.

11 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 30-Apr 15:32 -> 01-May 18:07
.
.
.
.

Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

  • Костадиновски: Се уште постојат луѓе кои по трагедијата во Кочани, приоритет ставаат на алчноста и личните интереси

Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело „предизвикување опшгта опасност“ по чл. 288 од КЗ. На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадиновски реагира на дописот испратен од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се бара свикување на итна седница на општината.

12 (27) ■ вести > македонија > политика ■ 30-Apr 07:54 -> 30-Apr 22:12
.
.
.
.

Пандов се сомнева дека палењето на неговата куќа е одмазада од затворски банди

  • Дали и кој сака да го заплаши директорот на управата за извршување на санкции, Пандов?

  • ВМРО-ДПМНЕ повика на итна истрага за палењето на викендичката на Пандов: Ова е обид за заплашување и замолчување

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов се сомнева дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, се одговорни за палењето на неговата куќа во скопското село Зелениково.

Обвинители извршија увид на лице место по опожарувањето на викенд-куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов во Орешани.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди палењето на викенд-куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, оценувајќи го како обид за заплашување и замолчување.

13 (8) ■ вести > македонија ■ 01-May 20:12 -> 01-May 22:56
.
.
.
.

ТОШКОВСКИ ЗА КОЧАНИ: Лиценцата за „Пулс“ е дадена на продолжување пред Дурмиши да стане министер за економија

  • Неточен е главниот аргумент на опозицијата

Од доказите со кои што сум запознаен во рамките на истрагата, која напоменувам се уште не е завршена, говорат за континуирано незаконито, коруптивно постапување на многу сегменти во рамки на институциите, кои наместо да заштитат, проверат и да утврдат фактичка состојба во насока на вистината, тие правеле се, само тоа не, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Само Интервју во врска со истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Главниот аргумент на опозицијата е неточен, доказите со кои сум запознаен говорат за континуирано и незаконско постапување во многу сегменти, изјави во четвртокот вечерта министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за обвинувањата на опозицијата во однос на истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

87 (8) ■ бизнис > економија ■ 30-Apr 13:34 -> 30-Apr 14:08
.
.
.
.

Раст на прометот во малопродажбата на храна, пијалаци и тутун

  • ДЗС: Индустриското производство во минатиот месец е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година

Државниот завод за статистика (ДЗС) евидентира пораст од 1,3 проценти во прометот во малопродажбата на храна, пијалаци и тутун, како и зголемување од 0,4 проценти во продажбата на автомобилски горива во март годинава, споредено со март минатата година.

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за два процента, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, а пораст од 4,8 проценти во Преработувачка индустрија и од 12,9 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст.

92 (8) ■ бизнис > економија ■ 30-Apr 09:59 -> 30-Apr 13:50
.
.
.
.

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

  • МЕПСО ЌЕ ИСКЛУЧУВА ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ И ЗА 1 МАЈ Мерката ќе се активира, ако има проблеми со електро-преносниот систем

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електро-преносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем, соопшти Министерството за енергетика.

149 (4) ■ бизнис > македонија ■ 30-Apr 15:20 -> 30-Apr 16:23
.

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

  • Успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи

„Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја“.

Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја.

84 (4) ■ авто > автомобилизам ■ 01-May 11:46 -> 01-May 12:47
.
.
.
.

Претседателката на „Тесла“ демантира дека Бордот на директори барал наследник на Маск

  • Претседателката на Tesla негира дека Бордот барал замена за Маск

Претседателката на „Тесла“, Робин Денхолм, денеска ги демантираше медиумските извештаи дека членовите на Бордото на директори на компанијата се обратиле до фирми за барање раководни кадри за да најдат замена за извршниот директор Илон Маск, јави ДПА Денхолм изјави на „Х“ дека извештајот на „Волстрит џурнал“ е „апсолутно лажен“ и дека Бородот на директори на производителот на електрични возила е „цврсто уверен“ во способноста на Маск да „продолжи да го спроведува“ планот за раст на компанијата, јавија британските медиуми.

Претседателката на „Тесла“, Робин Денхолм, денес ги отфрли медиумските тврдења дека членовите на Одборот на директори на компанијата се консултирале со агенции за регрутирање кадри со цел да пронајдат замена за главниот извршен директор Илон Маск, пренесе ДПА.