Новиот известувач на ЕП за Севера Македонија, Томас Вајц, на денешниот брифинг со македонските новинари во зградата на Европскиот парламент, во одговор на новинарско прашање дали Отворен Балкан е е начинот да се бранат интерсите , со оглед на закочениот евроинтрегративен процес на Северна Македонија поради блокадата на Бугарија, одговори: Во принцип секоја (меѓусебна) соработка е добра, но се сомневам дека Отворен Балкан има за цел да го зацврсти влијанието на Србија во регионот, политички е легитимно да се бара тоа, но мене тоа ми мириса на алтерантивен процес на ЕУ пристапувањето, алтернатива на Берлинскиот процес… во принип економската и особено културната соработка е клучна во регионот.
Гледам показатели дека оваа Влада има подготвеност да оди напред во евроинтеграциите, ако за тоа има гаранции дека Бугарија нема да поставува нови барања и да го блокира натаму процесот, рече на средба со македонски новинари новиот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија Томас Вајц, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.