1 (7) ■ вести > македонија ■ 23-Apr 09:54 -> 23-Apr 10:28
.
.
.
.

Царината спречи обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

  • ВЕЛАТ ДЕКА НЕМААТ НИШТО, НО ЦАРИНИЦИТЕ ГИ ФАЌААТ Откриени неверојатни работи скриени во куфери и автомобили

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми.

Во серија успешни акции, Царинската управа на Република Македонија открила и спречила неколку обиди за криумчарење различни видови на стока преку аеродроми и гранични премини во земјата.

3 (9) ■ вести > македонија > хроника ■ 22-Apr 16:23 -> 23-Apr 10:06
.
.
.
.

ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола

  • ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од кои активен сè уште е пожарот на градската депонија во Демир Хисар, но е под контрола, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што известил ЈКП Комуналец Демир Хисар, на гасење на пожарот од 13 часот интервенираат пет пожарникари и две противпожарни возила.

Гори градската депонија во Демир Хисар, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи Демир Хисар (РЦУК). Во соопштението се наведува дека на терен интервенираат четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Демир Хисар со две противпожарни возила, Јавното комунално претпријатие Комуналец Демир Хисар со пет работници и една градежна машина.

15 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Apr 16:04 -> 23-Apr 10:36
.
.
.
.

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

  • РЕК „Битола“: Пепелта е исчистена, проблемот се решава

  • Обвинителството отвори случај за токсична пепел во РЕК Битола

Радиоактивниот облак од пепел што се издигна над Битола како резултат на неодговорното работење на РЕК Битола, уште еднаш ги потврди укажувањата на Левица: Македонија е жртва на еколошка катастрофа поддржана од политичка немост и корупција.

Во врска со неодамнешните реакции во јавноста за наводите за несоодветно одлагање на пепелта во РЕК „Битола“, АД ЕСМ, подружница РЕК „Битола“, ја информира јавноста за преземените мерки и за континуираните напори за еколошки одговорно работење.

Обвинителството отвори случај за одлагањето на пепелта во РЕК Битола, односно дали тоа се врши според прописите, согласно еколошката дозвола.

17 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Apr 10:59 -> 23-Apr 10:00
.
.
.
.

Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура

  • СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

  • Синдикатот на култура утре излегува на протест, велат „културата не е трошок, туку основа на секое општество“

Синдикатот на културата денеска ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори.

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија.

Синдикатот на култура утре точно напладне ќе одржи протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам, потврдија денеска од Синдикатот, преку писмено соопштение.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

64 (6) ■ бизнис > економија ■ 22-Apr 11:10 -> 23-Apr 09:36
.
.
.
.

ТАВ Македонија го доби сертификатот Great Place To Work®

  • ТАВ Македонија го доби сертификатот „Одлично место за работа“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот Great Place To Work® (“Одлично место за работа”), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.

Сертификатот Great Place To Work® („Одлично место за работа“) е уште едно признание за ТАВ Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси, по наградата „Најпосакуван работодавач” која ја доби во април 2024 ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.