1 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Nov 08:48 -> 26-Nov 17:58
.
.
.
.

Филипче и Силјановска Давкова разговарале за состојбата во безбедносните структури и евроинтеграциите

  • Лидерот на СДСМ Филипче на средба во претседателката Сиљановска Давкова

  • Митева за средбата Давкова – Филипче: Не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова изразил загриженост и укажал дека треба да реагира за работи кои се во нејзини ингеренции, како што рече, пред се, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба.

Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, јас не би можела да изнесувам ставови во аспект на Влада, се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор за насоките во кои што ќе се делува во иднина, изјави портпаролот на Владата, Марија Митева, прашана за став околу денешната средба на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

4 (26) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Nov 12:12 -> 26-Nov 15:48
.
.
.
.

Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен јавен превоз за кого било поради долгот на централната власт кон ЈСП, вели Арсовска

  • Арсовска: Набавката на електричните автобуси е задоцнета, сепак ја поздравувам ако се реализира

  • Данела Арсовска нема да се кандидира за нов мандат

Мислам дека пред советниците во Советот на Град Скопје од нивна страна ќе биде иницирано дали воопшто кој било ќе има бесплатен јавен превоз поради долгот што централната власт го има кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, изјави денеска скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја поздравува одлуката на Владата да набави 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз од кои најголем дел за Скопје, но смета дека треба да се остави време да се види дали ќе се реализира тоа што го имаат ветено.

„Апсолутно не размислувам за нов мандат“ – се зборовите со кои градоначалничката Данела Арсовска денеска откри и ги отфрли сите можности повторно да се кандидира за прв човек на Скопје на локалните избори догодина.

8 (124) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Nov 08:54 -> 26-Nov 15:54
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: 40 потрчковци и неврохирургот на Заев, Филипче не можат да донесат ништо ново и добро ни во СДС, ниту во Македонија

  • ФИЛИПЧЕ ПО КОНГРЕСОТ: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

  • СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

  • Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДС

Венко Филипче не е ново лице на македонската политичка сцена.

По завршување на 30 Конгрес на СДСМ, во изјава за медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче информираше за донесените одлуки а ја потенцираше и одличната енергија и ентузијазмот за време на одржување на Конгресот.

Изјавите на Христијан Мицкоски, кој е очигледно разочаран од консолидацијата на СДСМ, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика и стравот од силната опозиција која ја предводи нашата партија.

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните.

9 (24) ■ вести > свет ■ 24-Nov 14:06 -> 26-Nov 16:45
.
.
.
.

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

  • Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико

  • Поранешниот претседател на Банката на Кина, Лиу Лианг осуден на условна смртна казна

Ниту САД, ниту Кина нема да победат од трговска војна, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон, Лиу Пенгвеи во денешното соопштение.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе огромни нови царини за производи од Мексико, Канада и Кина штом ќе ја преземе функцијата, како дел од напорите за сузбивање на илегалната имиграција и трговијата со дрога.

Судот во кинеската провинција Шандонг денеска му изрече условна смртна казна на поранешниот претседател на Банката на Кина, Лиу Лианг, за поткуп и незаконско издавање кредити, објавија државните медиуми.

10 (21) ■ вести > балкан > регион ■ 24-Nov 08:48 -> 26-Nov 14:48
.
.
.
.

Српскиот ексминистер за градежништво Горан Весиќ пренесен в болница по неколкудневниот штрајк со глад во притвор

  • Владата на Србија му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка Горан Весиќ

  • Притворениот срспки министер кој штрајкуваше со глад префрлен во болница

Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој е еден од приведените поради несреќата во Нови Сад, утринава од притвор е префрлен на лекување во Институтот во Сремска Каменица, откако неколкудневниот штрајк со глад му предизвикал нагло влошување во здравствената состојба.

Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ.

Поранешниот српски министер за градежништво и транспорт Горан Весиќ кој започна штрајк со глад во притвор е префрлен во болница поради влошено здравје.

11 (68) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Nov 10:08 -> 25-Nov 19:10
.
.
.
.

Директорот на затворот во Шутка тврди дека немало предавање на писмо при спроводот на Палевски и Кешишов ниту кршење на протоколите

  • Обвинителството за прв пат се огласи: Имаме докази дека Палчо го извршил убиството

  • Адвокатот на Кишишев: Мојот клиент од страв го препишал и потпишал писмото што му го дал Палевски

  • Кешишов: Изјавата не е моја, Палчо ми даде ливче да го напишам со мој ракопис

Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Бобан Утковски, во изјава за медиумите тврди дека не можело да се случи примопредавање на писмена изјава меѓу обвинетите Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов бидејќи протоколите за спровод на притворени лица го оневозможуваат тоа.

Има материјални докази дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо е сторител на убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Адвокатот на Влатко Кешишов, Игор Ефремов, по денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара обвинителството да утврди како Љупчо Палевски Палчо успеал да му даде писмо на неговиот клиент, кое потоа го натерал да го препише и потпише.

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството.

12 (19) ■ вести > македонија ■ 26-Nov 08:33 -> 26-Nov 15:56
.
.
.
.

Со македонска возачка дозвола ќе може да се вози во Емиратите

  • Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој од 24 до 27 ноември со делегација на Министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, во Абу Даби на официјалната средба со министерот за внатрешни работи шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан потпишаа два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи меѓу двете држави.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој од 24 до 27 ноември со делегација на Министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, во Абу Даби на официјалната средба со министерот за внатрешни работи шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан потпишаа два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи меѓу двете држави.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

140 (5) ■ бизнис > македонија ■ 25-Nov 18:06 -> 26-Nov 08:24
.
.
.
.

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

  • Иднината на платежните решенија е веќе тука НЛБ Банка, прва банка со онлајн сервис за плаќање преку линк

Тие нудат опции за секој инвеститор, а банкарските и инвестициските експерти ги едуцираат и им помагаат на клиентите да ги усогласат своите можности и финанските цели кои сакаат да ги постигнат, вели во интервју за Фактор, ексклузивно по ребрендирањето, Главниот извршен директор на НЛБ Фондови, Лазе Камчев.

Следејќи ја својата стратегија за дигиталално банкарство, НЛБ Банка воведува нова функционалност за онлајн плаќање која, во динамичниот и дигитален свет, уште повеќе ги олеснува трансакциите за клиентите и трговците.

195 (4) ■ бизнис > економија ■ 25-Nov 09:05 -> 25-Nov 10:35
.
.
.
.

СТОПАНСКАТА КОМОРА ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Беше разговарано за учество на локалните компании во проектите за Коридорите 8 и 10д

  • Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека ја продолжува соработката со „Бехтел и Енка” преку презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување.

Како дел од континуираните активности за унапредување на локалниот синџир на снабдување на проектот за автопатиштата од Коридорите 8 и 10д, претставници на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ ја презентираа платформата за соработка пред вработените во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Северна Македонија во Прилеп и во Битола.