Уверуваме дека ќе имаме најдолга рочност за враќање, најголем грејс период и најдобра камата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во однос на условите за заемот од Велика Британија.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва најави дека на почетокот од следната седмица ќе биде формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија за партнерство за остварување на инфраструктурни проекти.