1 (40) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Nov 09:48 -> 30-Nov 18:52
.
.
.
.

Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти

  • Петрушевски: Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ

  • ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се нервозни и исплашени поради страв од соочување со правдата

  • ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени

Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти чија цел е заштита на личните и бизнис интереси, институциите ќe реагираат жестоко.

Вчерашното дивеење на неколку групи е дел од смислено сценарио на СДС и ДУИ за наметнување на политички поделби и немири.

Настаните по повод „прославата“ на денот на албанското знаме, инцидентите и дивеењето на неколку групи се смислено сценарио на СДС и ДУИ кои преку манипулација, ескалација и креирање на етнички тензии се обидуваат да го заштитат криминално стекнатиот капитал.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија ДУИ за лицемерие.

2 (36) ■ вести > свет > регион ■ 30-Nov 08:12 -> 30-Nov 18:33
.
.
.
.

Курти ја обвини Србија за саботажа на каналот со се снабдуваат две термоцентрали

  • Српска Листа: Експлозијата во каналот Ибар-Лепенец е против интересите на српскиот народ во Косово

  • Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица

  • ВОЈНИЦИ И ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ГИ ЧУВААТ КРИТИЧНИТЕ ОБЈЕКТИ НИЗ КОСОВО Експлозијата во Зубин Поток го вклучи алармот

Каналот со кој се снабдуваат со вода две термоелектрани кои произведуваат речиси целата електрична енергија на Косово е оштетен во експлозијата што косовскиот премиер Албин Курти ја прогласи за „терористички чин“ од Србија.

Најголемата партија на косовските Срби, Српка листа (СЛ) соопшти дека синоќешната експлозија во каналот Ибар-Лепенец во близина на Зубин Поток во северно Косово е против интересите на српскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

Советот за безбедност на Косово (СБК) рано утрово одржа вонредна седница, по синоќешната експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, од каде со вода од Ујманското Езеро се снабдуваат повеќе градови во државата, како и Енергетската корпорација на Косово за ладење на нејзините термоелектрани, јави дописникот на МИА од Приштина.

3 (32) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 29-Nov 18:05 -> 30-Nov 12:08
.
.
.
.

Фатен е хулиганот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово

  • Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на просториите на нејзиниот Конзулат во Куманово

  • Момче нагрнато со албанско знаме вчера ја откорнало таблата на Конзулатот на Србија во Куманово

  • Уапсен малолетникот кој ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 9:05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР.

Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија денеска преку соопштение најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстранило таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.

На Денот на албанското знаме вчера вечер се случил инцидент и пред влезот Конзулатот на Србија во Куманово каде младо момче нагрнато со албанското знаме насилно ја отстранило таблата со државниот грб на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – почесен конзул“, испишан на српски и македонски јазик.

Полицијата го уапси момчето кое на Денот на албанското знаме насилно ја отстранило таблата со државниот грб на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – почесен конзул“, испишан на српски и на македонски јазик.

4 (35) ■ вести > свет > еу ■ 29-Nov 08:08 -> 30-Nov 21:17
.
.
.
.

Кобахидзе: Во Грузија нема да се повтори сценариото на украинскиот „Мајдан“

  • Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

  • Грузија: Уапсени 43 лица за време на антивладините демонстрации

  • Насилни протести во Грузија откако владата ги прекина преговорите со ЕУ (ВИДЕО)

Гризискиот премиер Иракли Кобахидзе денеска изјави дека сценариото на украинскиот Мајдан не може да се повтори во Грузија, бидејќи, како што наведе, таа земја има „силни институции и мудри луѓе“.

Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во Европската унија.

Грузиската полиција синоќа уапси 43 лица за време на протестите против владата, која опозицијата ја обвинува за местење избори и одвраќање од европската интеграција.

Илјадници луѓе вечерва повторно излегоа на улиците на Тбилиси за да протестираат против одлуката на владата да ги прекине пристапните преговори со Европската унија до крајот на 2028 година, јавува Би-Би-Си. Демонстрантите извикуваа „предавници“ и носеа фотографии од новинари за кои тврдат дека биле претепани од полицијата во петокот вечерта.

6 (20) ■ вести > македонија ■ 29-Nov 12:17 -> 30-Nov 23:59
.
.
.
.

Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег

  • Викедов студен бран и врнежи од снег и дожд

  • ▷ Викендов облачно и постудено со врнежи од дожд и снег

Времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Синоптичарите најавуваат дела во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Времето во земјава утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка.

9 (21) ■ вести > македонија ■ 29-Nov 12:12 -> 30-Nov 20:37
.
.
.
.

Ќе се бориме да има правда во судскиот систем

  • Коцевски: Ако евентуално сум згрешил условите за мое разрешување се содржани во Законот

  • Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашање во саботата истакна дека ќе владата што ја предводи ќе се залага и бори да има правда во судскиот систем.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на седницата на Советот на јавни обвинители во врска со забелешките за работата на правосудниот систем и конкретно на Обвинителството, како и дали очекува негова смена истакна дека тој ќе продолжи да работи професионално и согласно законите, а доколку евентуално направил грешка, условите за негово разрешување се согласно Законот за јавно обвинителство.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски вели дека не сака да коментира политички изјави, но сепак истакнува дека неосновани се обвинувањата кон Јавното обвинителство од страна на премиерот Христијан Мицкоски.

10 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 30-Nov 14:09 -> 30-Nov 15:24
.
.
.
.

Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот

  • Меџити: Нема да има компромис спрема ниту едно лицо, сите што сквернавеле знамиња ќе одговараат

За инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме со палењето и сквернавењето на државното и албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лицо кој го прекршил законот, истакна денеска во изјава за медиумите првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

За инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме со палењето и сквернавењето на државното и албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лицо кој го прекршил законот, истакна денеска во изјава за медиумите првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

11 (11) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 30-Nov 15:14 -> 30-Nov 16:24
.
.
.
.

ПРИТВОР ЗА ТРИ ЛИЦА КОИ ГО СКВЕРНАВЕА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ Против нив е поднесена кривична пријава за предизвикување омраза и раздор

  • Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, уапсени се осум лица во врска со извршено кривично дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на булевеарот Крсте Мисирков беше извршено палење и кинење на државното знаме.

МВР соопшти дека од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, заедно со ЕИП, лишени се од слобода осум лица во врска со извршено кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на бул.

12 (12) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 30-Nov 13:13 -> 30-Nov 16:41
.
.
.
.

ЗА 3.000 ЕВРА КАНДИСАЛ ДА СЕ БОРИ ЗА РУСИЈА НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА Кривична пријава за македонски државјанин поради учество во странска војска

  • Кривична пријава за едно лице за учество во странска војска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.К. македонски државјанин, за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации” (член 322-а ст.3 в.в член 19) од КЗ, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Кривичнопријавениот, откако претходно се запознал со пропаганден материјал со повик за служење во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации за потребите на Руската Федерација, преку интернет платформа за комуникација стапил во контакт со НН машко лице кое му се претставило дека бил задолжен од страна на Руската војска да регрутира војници за служба во руската војска за паричен надоместок од 3.000 евра.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.К. македонски државјанин, за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации” (член 322-а ст.3 в.в член 19) од Кривичниот законик.

13 (8) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 30-Nov 11:30 -> 01-Dec 00:05
.
.
.
.

Снегот во Битола предизвика дефекти: Прекини на струјата на повеќе локации во градот и околината

  • Прегазен 29-годишен пешак во Битола

Поради силни врнежи од снег што попладнево и вечерва ја зафатија Битола, на повеќе локации во градот има прекини на електричната енергија, информираат од ЕВН, а пренесува Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Прекините се последица на снегот што натежнува на електричните кабли и жици во подрачјето на Битола и Битолско“, Оттаму посочуваат дека издадени се налози за санирање на дефектите, како и дека екипите се веќе на терен.

Вчера во 20.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „АСНОМ“ во Битола, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Битола удрило во пешакот С.С.(29) исто така од Битола.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

81 (9) ■ бизнис > македонија ■ 29-Nov 13:30 -> 30-Nov 12:40
.
.
.
.

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

  • Новата цена на струјата ќе важи од први јануари - Мицкоски очекува минимално зголемување

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата да биде повисоко помеѓу еден и три проценти, додека за потрошувачите од првиот и вториот блок да изнесува, 0,5 отсто, откако вчера ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена повисока од досегашната за две евра.

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува зголемување на цената на струјата за домаќинствата да биде повисоко помеѓу еден и три проценти, додека за потрошувачите од првиот и вториот блок да изнесува, 0,5 отсто, откако вчера ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена повисока од досегашната за две евра.

160 (4) ■ бизнис > економија > политика ■ 29-Nov 15:24 -> 29-Nov 16:36
.
.
.
.

▷ НИКОЛОСКИ: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

  • Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово - Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

120 (6) ■ сцена > култура ■ 29-Nov 10:14 -> 29-Nov 11:54
.
.
.
.

Отворен е конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2024 година

  • Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите, информираат од ДПМ.

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 г.: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите.