1 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Nov 11:38 -> 22-Nov 17:14
.
.
.
.

Град Скопје: Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ нека им каже на сограѓаните зошто партијата не гласа за набавка на нови автобуси

  • Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

  • ВИДЕО: Дудуш до Арсовска: Сте слушнале ли за зборот одговорност?

  • Шуто Оризари ги повикува сите граѓани утре на голем сенароден протест пред Град Скопје

„Со жалење констатираме дека Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на нивните манипулации.

Автобускиот сообраќај во Скопје денеска е нормализиран, потврди за МИА директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш денеска на протестот пред просториите на Град Скопје упати низа прашања до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на општина Шуто Шризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на Скопје да се приклучат, соопштија денеска од Општината.

3 (26) ■ вести > македонија ■ 22-Nov 07:30 -> 22-Nov 15:34
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Денеска завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем

  • Дебата: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

  • Ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели Димитриеска Кочоска за солидарниот данок

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и до 15 години отплата.

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60 проценти од БДП.

Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот.

5 (55) ■ вести > свет ■ 21-Nov 13:18 -> 22-Nov 17:14
.
.
.
.

Орбан најави дека ќе го покани Нетанјаху во Унгарија, ден по наредбата на МКС за негово апсење

  • Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

  • Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

  • Реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд за лидерите на Израел и Хамас

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Европската унија, денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, доскорешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамс Мухамед Диаб ал-Масри, јавија американските медими, пренесе МИА.

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден изјави дека издавањето налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од страна на Меѓународниот кривичен суд е „срамота“, а ваквиот негов став го пренесе Белата куќа.

Пристигнуваат реакции на потерниците од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и командантот на Хамас Ибрахим ал-Масри, кој се смета за починат.

7 (135) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Nov 11:11 -> 22-Nov 09:54
.
.
.
.

За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје

  • Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

  • Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје

  • Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Според синоќешните најави, денеска се очекува да се нормализира автобускиот сообраќај во Скопје, откако вчера Владата донесе одлука на јавното сообраќајно претпријатие да му позајми нафта за следните седум дена од државните резерви.

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта.

Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво.

Од Град СКопје велат дека премиерот Христијан Мицкоски во континуитет преку своите кадри креира кризи во јавните претпријатија во Скопје.

13 (5) ■ вести > македонија ■ 22-Nov 07:18 -> 22-Nov 16:31
.
.
.
.

Одличен пример како може да се искористат 300 просечни сончеви денови, вели министерот Перински за фотоволтаиците во Радовиш

  • Радовиш, Конче и Василево од две фотонапонски централи ќе добиваат струја

Општините Радовиш, Конче и Василево постигнаа енергетска ефикасност како резултат на проектот „Одржлив и рамномерен регионален развој“ фаза 2 кој го реализира Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија, а во чии рамки досега се поставени фотоволтации на две локции на подрачје на Радовиш во насока на создавање на енергетски ефикасен регион.

Пуштени во употреба фотонапонскиte централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430kw и софтверски дигитален систем.

Повеќе од
оваа категорија

47 (6) ■ спорт > фудбал ■ 22-Nov 10:06 -> 22-Nov 15:05
.
.
.
.

Италија и Германија во дуел на „вечните“ во четвртфиналето од Лигата на нации

  • Во четврт-финалето се можни репризи на многу финални дуели

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одреди четвртфиналните двојки за завршницата во овогодинешното издание од Лигата на нации.

Денешната полудиригирана ждрепка може да донесе репризи на 10 претходни финалиња од Лигата на нациите, европските и од светските првенства, во кои меѓу себе играа селекции што се меѓу осумте најдобри сезонава во Лигата на нациите, Шпанија, Германија, Португалија, Франција, Италија, Холандија, Данска и Хрватска Двојките од четврт-финалето и дуелите од плејофот за опстанок во лигите од Лигата на нациите ќе бидат одредени денеска со ждрепката во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА), од 12 часот.

Повеќе од
оваа категорија

72 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Nov 09:55 -> 22-Nov 13:22
.
.
.
.

МИТРЕСКА: Народната банка очекува натамошно забавување на просечната инфлација на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2%

  • Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година

Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година Народната банка очекува натамошно забавување на просечната инфлација, сведувајќи се на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2 отсто“.

Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година Народната банка очекува натамошно забавување на просечната инфлација, сведувајќи се на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2 отсто“.

236 (6) ■ бизнис > култура ■ 20-Nov 07:40 -> 21-Nov 14:53
.
.
.
.

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

  • Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје…“ од д-р Блага Панева ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.

Вечерва (20 ноември), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовирана стручната книга од д-р Блага Панева – „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.