„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација.
Соопштение од СДСМ: Коалиционите партнери во власта, ВЛЕН, ДПМНЕ и ЗНАМ, државата ја третираат како партиски пашалак за задоволување на нивните партиски и бизнис интереси.
Од СДСМ велат дека вицепремиерот Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а премиерот Христијан Мицкоски молчи.