1 (12) ■ вести > свет ■ 05-Jun 05:16 -> 05-Jun 08:45
.
.
.
.

Трамп забрани влез во САД за државјани на 12 земји

  • Трамп ги штити Американците: Забрана за влез во САД на граѓаните на 12 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша проглас со кој се забранува влезот на граѓани од 12 земји во Соединетите Американски Држави (САД), наведувајќи дека овој потег е неопходен за заштита од „странски терористи“ и други безбедносни закани.

претседател Доналд Трамп во средата потпиша извршна наредба со која им се забранува влез во САД на граѓаните на 12 земји, објави Си-Би-Ес њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата.

8 (32) ■ вести > македонија > хроника ■ 04-Jun 13:08 -> 05-Jun 09:00
.
.
.
.

Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

  • Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники бараат испитување на лекарска грешка

  • ДСЗИ ќе врши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатото тригодишно дете од Кавадарци

  • Здравство реагира по смртта на детето од Кавадарци - вонреден надзор во болницата!

Фото: МИА Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди за МИА дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци.

Ги повикуваме надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нашето детенце, реагираа попладнево родителите на детето од Кавадарци, кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе спроведе вонреден инспекциски надзор во Општата болница во Кавадарци и на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, по смртта на тригодишното дете од Кавадарци.

По трагичната смрт на тригодишно дете од Кавадарци, Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) најавија вонредна контрола во Општата болница во Кавадарци и на Клиниката за детски болести во Скопје.

10 (26) ■ вести > свет > русија ■ 03-Jun 06:56 -> 05-Jun 08:45
.
.
.
.

Трамп откри нов скандал: Без знаење на Бајден направени се 2.500 извршни помилувања

  • „ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ...“ Трамп објави дека штотуку телефонски разговарал со Путин ЕДЕН ЧАС И 15 МИНУТИ

  • Америка и Иран се поблиску до нов нуклеарен договор: Техеран е подготвен да го прифати клучното барање

Од: А1он Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја нарече употребата на пенкало – таканареченото „автопен“ – што го користеле вработените во Белата куќа за потпишување во име на поранешниот претседател Џо Бајден „еден од најголемите политички скандали во историјата на САД“.

Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека штотуку завршил телефонски разговор со Владимир Путин и дека двајцата лидери разговарале еден час и 15 минути.

НасловнаСветАмерика и Иран се поблиску до нов нуклеарен договор: Техеран е подготвен да го прифати клучното барање You cannot print contents of this website.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

113 (9) ■ сцена > култура ■ 03-Jun 07:07 -> 03-Jun 10:45
.
.
.
.

Специјална награда за колективна актерска игра за „Народен пратеник“ на МНТ на 70-то Стериино позорје во Нови Сад

  • Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

Жири комисијата на 70-то Стериино позорје во Нови Сад, во чиј состав се: Вања Ејдус, актер и претседател, Дражен Ференчина, режисер, Федор Шили, драмски писател, Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател – на завршната седница, одржана доцна синоќа, донесе одлука специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.

Жири комисијата на 70. Стериино позорје во Нови Сад (Вања Ејдус, актер и претседател; Дражен Ференчина, режисер; Федор Шили, драмски писател; Петар Грујичиќ, театролог, и Ѓорѓе Косиќ, драмски писател) на завршната седница, одржана касно вечерта на 2 јуни 2025 година, донесе одлука Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра да ја додели на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, во продукција на Македонски народен театар, Скопје.