Изминатата година на Блискиот Исток беше година на незамисливо страдање, соопштија денеска ОН. Денеска се одбележува една година од терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас и други палестински вооружени групи во кој беа убиени повеќе од 1.200 луѓе во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.
На светските пазари, цената на нафтата скокна за повеќе од осум отсто минатата недела, бидејќи трговците стравуваат оти ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може да предизвика прекини во снабдувањето од регионот богат со нафта.
Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21 часот вечерва до 5 часот утре наутро.
Поранешниот израелски амбасадор во САД, Дени Ајалон, гостувајќи на Скај Њуз, го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху за нападите од 7 октомври, тврдејќи дека тој активно го зајакнувал Хамас, пренасочувајќи им пари преку Катар.