1 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Nov 07:24 -> 08-Nov 15:39
.
.
.
.

(Видео) Минчев: Со академија за јавна администрација ќе ги доквалификуваме неквалитетните административци

  • СДСМ: Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски

  • Состанок на Секторската група за Реформа на јавната администрација

Некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани, е варијанта за која се залага министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој на денешната прес-конференција рече дека можните решенија за овој проблем во моментот се предмет на дебата.

Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски, велат од СДСМ.

Во рамки на годишните активности за унапредување на јавната администрација, Министерството за јавна администрација ќе одржи состанокот во Владата на Секторската работна група за Реформа на јавната администрација.

2 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Nov 19:29 -> 08-Nov 15:36
.
.
.
.

Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

  • Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

  • Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија

  • Мицкоски оптимист по средбата со Макрон

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.

На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со Францускиот претседател Емануел Макрон.

Од маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот Христијан Мицкоски во изјава вели „после овој состанок на Европската политичка заедница овдека во Будимпешта сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде и ќе не биде“.

Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.

3 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Nov 12:20 -> 08-Nov 17:05
.
.
.
.

Фетаи: Смртната закана кон мене е одраз на поларизацијата во општеството, ваквиот кукавички пристап на фрустрирани луѓе треба да се казни

  • Фетаи на средба со европратеникот Вајц во Брисел: Нема дилеми дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ

  • Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана

Заканата по животот што ја добив на мојот службен мејл е одраз на поларизацијата на нашето општество, бидејќи таа беше упатена по мојата изјава за дефиницијата на албанскиот јазик во Уставот, изјави за МИА вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој престојува во работна посета на Брисел.

Нема дилеми дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на Европската Унија.

Вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана.

4 (6) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Nov 15:38 -> 08-Nov 16:41
.
.
.
.

Меџити до општините: Аплицирајте со проекти!

  • Меџити со апел до општините: Аплицирајте со проекти, уште 50 милиони евра на располагање на општините

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити упати апел до општините за да аплицираат со проекти.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн, одржаа информативна средба со 58 градоначалници, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

11 (7) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 14:31 -> 08-Nov 16:42
.
.
.
.

Николовски: Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога

  • Николовски: Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите

Македонија е сојузник со САД во НАТО при што Царинската управа има значајна улога во процесот на олеснување на увоз на опрема за потребите на македонската Армија, напиша Директорот на Царинска управа Бобан Николовски во објава на „Фејсбук“.

Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance). Директорот Бобан Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

13 (11) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 12:15 -> 08-Nov 15:53
.
.
.
.

ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители

  • ДКСК: Членството на претседателката на Врховен суд и ЈО на РСМ во УО на АСЈО е согласно закон

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска одлучи да ја запре постапката за судир на интереси за претседателка на Врховен суд, Беса Адеми и Јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, како членови на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО). ДКСК утврди дека претставката не е основана бидејќи тоа се членови на АСЈО согласно исклучокот од забрана за членство во управни и надзорни одбори.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија