„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет.
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека цените на храната се намалени дури и по потрошувачката кошничка која ја прави еден од синдикатите и посочи дека таа кошничка која ја спрема владата кога ќе биде готова ќе биде дадена на увид, но ќе ги содржи сезонските производи и просечните цени од повеќе маркети, а не само од скапите.
Апсолутно дека наш главен приоритет е стандардот на граѓаните и главен фокус на работењето на оваа Влада е да имаме подобар стандард и услови за живеење на нашите сограѓани, рече тој.
За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локалните избори и граѓаните ќе кажат чија кариера завршува, а чија почнува.