Сведокот Ламбе Бучков, пријател на Љупчо Палевски – Палчо, во своето сведочење откри дека имал финансиски односи со првообвинетиот, како и информации за неговото поседување на оружје, пренесе . „Сме си позајмувале пари, а сè уште 15 илјади евра ми должи,“ изјави Бучков.
На денешното ново судско рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во скопскиот Кривичен суд прв сведочеше Ерол Османи, предложен од обвинителството.