Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 1 од КЗ. Кривична пријава е поднесена и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело несовесно работење во службата по член 353-в став 4 од КЗ. Од Финансиската полиција денеска соопштија дека првопријавениот П. М. во постапката за јавна набавка бр.11935/2022 за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања како директор на РЕК Битола, на начин што на ден 19.08.2022 година, донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која Одлука противправно ја отфрлил понудата на Гранит АД Скопје иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки и спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на РУД-КОП ДООЕЛ Битола и на ден 03.10.2022 година склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор од 21.09.2023 година на износ од 849.600.000 денари.
Управата за финансиска полиција до основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М во својство на директор на АД ЕСМ, во државна сопственост Скопје-Подружница РЕК Битола-Новаци, Д.П во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Б.Ѓ. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК-Битола, Т.А во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, С.М. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, А.К. во својство на службено лице во АД ЕСМ- подружница РЕК Битола, Љ.С. во својство на службено лице во АД ЕСМ -подружница РЕК Битола, поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ по член 353 став 1 од КЗ. Како и против А.М.С во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки, А.У во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки и Д.Ј. во својство на службено лице во Бирото за јавни набавки поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА по член 353-в став 4 од КЗ. Првопријавениот П. М. во постапката за јавна набавка бр.11935/2022 за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања како директор на РЕК Битола, на начин што на ден 19.08.2022 година, донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која Одлука противправно ја отфрлил понудата на Гранит АД Скопје иако понудувачот Гранит АД Скопје бил најефтин и доставил прифатлива понуда согласно член 2 став 11 од Законот за јавни набавки и спротивно на член 112 став 1 од ЗЈН противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на РУД-КОП ДООЕЛ Битола и на ден 03.10.2022 година склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор од 21.09.2023 година на износ од 849.600.000 денари.