Поранешниот столб на одбраната на Вардар, српскиот ракометар Илија Абутовиќ, стави крај на својата репрезентативна кариера, објави денес Ракометниот сојуз на Србија (РСС). Тој се прости од националниот дрес пред почетокот на првиот квалификациски натпревар за Европското првенство во 2026 година против Летонија, кој заврши со победа на Србија од 38-25. Во својата репрезентативна кариера, 36-годишниот Абутовиќ одигра 55 натпревари и постигна 22 гола.
Пред почетокот на натпреварот од првото коло од квалификациите за Европското првенство во ракомет, во кој Србите убедливо ја совладаа Летонија со резултат 38-25 се случи мала церемонија.