1 (38) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Dec 20:03 -> 18-Dec 23:12
.
.
.
.

Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука да бидеме рамноправна и полноправна членка на Европската Унија

  • Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас

  • Мицкоски: Македонија го заслужува своето место во Европската Унија

  • ▷ Мицкоски од Брисел: Нашето место е тука

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во работна посета на Брисел.

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Брисел имал средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Денеска сме овде во Брисел да испратиме порака дека македонските граѓани и Македонија како држава го заслужуваат своето место со останатите 27 земји членки на Европската Унија, и дека нашето место е токму тука на истата маса заедно со нив, бидејќи ние споделуваме исти вредности и се бориме за исти вредности и веруваме во тие вредности, а тоа е да бидеме обединети во различностите.

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во Брисел, престолнината на Европската Унија.

4 (4) ■ вести > свет > политика ■ 18-Dec 21:20 -> 18-Dec 22:37
.
.
.
.

Самит ЕУ-Западен Балкан: Максимално да го искористиме новиот моментум во проширувањето, затоа што иднината на регионот е во Унијата

  • Кошта ќе се обиде да ја избегне билатерализацијата при проширувањето

Треба максимално да го искористиме новиот моментум и да ги создадеме сите услови потребни за проширување на ЕУ, затоа што нема сомнеж дека иднината на Западниот Балкан е во нашата Унија, порача вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Христијан Мицкоски заедно со лидерите на членките на Унијата и на земјите од регионот.

Процесот на проширување е базиран на заслуги и само заслугите можат да бидат основа за проценка на напредокот во пристапувањето, изјави вечерва претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

5 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Dec 20:50 -> 18-Dec 22:58
.
.
.
.

Чупеска: Мицкоски сака да биде истражител и обвинител - тоа е недемократски

  • ЧУПЕСКА ДА МОЛЧИ И ДА НЕ ЈА МАНИПУЛИРА ЈАВНОСТА Улиците беа како на Дивиот Запад во времето на СДСМ и на ДУИ

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска во вестите на Сител телевизија истакна дека партиските упади на власта и заканите на премиерот Мицкоски се дел од логиката на економска пропагандната програма што ја пласира премиерот и во некои ситуации излегува многу далеку од своите овластувања, па не ретко се случува да биде и обвинител и истражител и министер за внатрешни, а тоа е спротивно на сите елементарни аспекти врзани за демократијата.

„Чупеска да ги симне розевите очила за да ја види реалноста, нема повеќе место за криминалци во политиката, време е за одговорност и ЗА посветеност, нешто што беше реткост да се види изминатите години“.

7 (21) ■ вести > македонија ■ 18-Dec 12:40 -> 18-Dec 16:33
.
.
.
.

Струјата поскапува во просек за 0,92 проценти

  • Домаќинствата од јануари ќе плаќаат за 0,92 отсто поскапа струја

  • Просечната цена на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 проценти

Струјата во просек ќе поскапи за помалку од еден процент од 1 јануари идната година, соопшти денеска регулаторот Марко Бислимовски.

Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Цената на електричната енергија од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти во просек, информираше Регулаторната комисија за енергетика која за првпат донесе одлука во која е искористен контролниот механизам во однос на определувањето на цената на електричната енергија.

12 (11) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Dec 17:31 -> 18-Dec 18:42
.
.
.
.

Дисципински мерки за полицајците кои го пропуштиле Артан Груби

  • МВР презеде мерки за полициските службеници кои го пуштиле Груби да излезе од Македонија

Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, на 15.12.2024 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и по извршени проверки, извршен увид во службените материјали и по извршена анализа од обезбедени снимки од безбедносните камери од ПС за ГП „Долно Блаце“, Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РСМ, не го евидентирал за остварување на излез од РСМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин, извести МВР.

Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, на 15.12.2024 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и по извршени проверки, извршен увид во службените материјали и по извршена анализа од обезбедени снимки од безбедносните камери од ПС за ГП „Долно Блаце“, Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РМ, не го евидентирал за остварување на излез од РМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.

13 (59) ■ вести > свет > русија ■ 17-Dec 08:11 -> 18-Dec 21:15
.
.
.
.

Русите го уапсија убиецот на генерал Игор Кирилов

  • Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов

  • Еден од најважните руски генерали убиен во експлозија во Москва

  • Русија: Објавено името на вториот загинат во атентатот врз Кирилов (видео)

Руската служба за безбедност соопшти дека 29-годишен државјанин на Узбекистан е приведен за убиството на високиот генерал Игор Кирилов и неговиот помошник во Москва.

Русија уапси осомничен за убиството на шефот на армискиот оддел за хемиско оружје, соопштија истражителите денеска, еден ден откако генералот и неговиот помошник беа убиени во експлозија во Москва.

Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда кога експлодирала направа скриена во мобилен телефон, соопшти рускиот истражен комитет.

Иља Поликарпов, помошникот на генерал-полковник Игор Кирилов, е вториот загинат во денешниот атентат врз рускиот генерал.

Повеќе од
оваа категорија

6 (26) ■ спорт > кошарка ■ 16-Dec 20:03 -> 18-Dec 19:02
.
.
.
.

Кулминација на драмата во македонската кошарка

  • „Перо Антиќ остана претседател со гласови на роднини и блиски пријатели!“

  • Младен Ѓуроски е човекот кој ќе го наследи Антиќ на кормилото на КФМ!

Кошаркарската федерација на Македонија денеска од 12 часот ќе го одржи редовното годишно Собрание.

Иницијативен одбор за промени во Кошаркарската федерација на (КФСМ) достави соопштение до медиумите во кое потенцира за нелигитимен избор на Перо Антиќ за прв човек на мак-баскетот, со гласови од свои блиски.

Поранешниот македонски репрезентативец, Младен Ѓуроски, кој ја има поддршката на повеќе од 80-отсто од клубови во државата, ќе биде новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), нешто што требаше да се случи на денешното Собрание да не беа опструкциите и процедуралните заврзлами од страна на актуелниот прв човек, Перо Антиќ.

62 (8) ■ спорт > кошарка > нба ■ 18-Dec 07:44 -> 18-Dec 11:41
.
.
.
.

Кошаркарите на Милвоки „дебело“ заработија со освоениот трофеј во НБА Купот

  • Милвоки го освои НБА Купот

Триумфот над тимот на Оклахома Сити Тандерс во финалниот натпревар од овогодинешното издание на НБА Купот ги направи кошаркарите на Милвоки не само освојувачи на првиот трофеј сезонава, туку и многу побогати отколку кога стапнаа на теренот во Лас Вегас.

Првиот трофеј во НБА сезоната, помалку престижниот наменет за победникот на несекојдневното натпреварување кое беше воспоставено дури минатата година, го подигнаа кошаркарите на Милвоки, откако во финалето на НБА Купот во Лас Вегас убедливо ја совладаа екипата на Оклахома со 97-81. По возбудливото и изедначено прво полувреме, во кое Оклахома почесто беше во водство, но не позначајно од седум поени, Милвоки одигра силна трета четвртина во која прими само 14, а на другиот крај од теренот постигна 26 поени, и замина на плус 13 – 77:64.

Повеќе од
оваа категорија

78 (4) ■ бизнис > економија ■ 18-Dec 14:16 -> 18-Dec 16:39
.
.
.
.

Пари за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите, изјави Димитриеска Кочоска

  • ▷ Димитриеска Кочоска: Средства за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите

Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на Македонија постави повеќе прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, меѓу кои и за покачување на минималната плата на 450 евра во услови на растечки цени.

Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на Северна Македонија постави повеќе прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, меѓу кои и за покачување на минималната плата на 450 евра во услови на растечки цени.

81 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 18-Dec 11:48 -> 18-Dec 13:49
.
.
.
.

ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ ФИЛИП МОРИС И ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП Успешната соработка донесе напредок за тутунската индустрија во Македонија

  • Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Десет години успешна стратешка соработка меѓу Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП) се одбележаа на настанот на кој, меѓу другите, присуствуваa премиерот Христијан Мицкоски, Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал, Костас Салварас и Генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), Иван Костиќ.

Десет години успешна стратешка соработка меѓу Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП) се одбележаа на настанот на кој, меѓу другите, присуствуваa премиерот Христијан Мицкоски, Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал, Костас Салварас и Генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), Иван Костиќ.

114 (4) ■ бизнис > економија > политика ■ 18-Dec 09:28 -> 18-Dec 10:36
.
.
.
.

Фокус на инфраструктурата и вмрежувањето на компаниите: Азески и Масутис во Солун

  • СРЕДБА АЗЕСКИ – МАСУТИС Продлабочување на соработката е предуслов за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Јоанис Масутис.

Продлабочувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Грција е предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати, заклучија на синоќешната средба во Солун претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Јоанис Масутис.

115 (10) ■ бизнис > економија ■ 16-Dec 11:24 -> 17-Dec 15:35
.
.
.
.

Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици

  • Азески: Коморските лидери во Скопје, недела неработен ден под лупа, економскиот развој на државата со минимум три отсто раст

Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити на компаниите и да гарантира за нив за да поведат инвестициска активност, ако фирмите со намалување на банкарските камати во редовното работење добиваат таква шанса, ако капиталните инвестиции се дигнат на 800 милиони како што не биле досега и ако се проектираат дополнителни средства во Буџетот за економски програми кои лани биле 40, а годинава 80 милиони, тогаш можеме да очекуваме раст од 3,7 отсто, како што се прогнозира, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) утре во Скопје ќе ја одржи 33. седница.

183 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Dec 16:00 -> 18-Dec 08:24
.
.
.
.

Заедничка рециклирачка акција на Прилепска Пиварница, Пакомак и Ball Corporation

  • Затворете го кругот, рециклирајте за одржлива иднина

Во заедничката акција што ја спроведоа Прилепска Пиварница, Пакомак и Ball Corporation под слоганот „Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина“, процентот на рециклирање лименки се зголеми за импресивни 64 %, во рамките на системот Пакомак и брендот Прилепска Пиварница, од почетокот на кампањата, што потврдува дека граѓаните одлично реагираат на програмите за рециклирање и ја разбираат важноста на циркуларноста на алуминиумските лименки, изјави Александар Матески, директор за правни и корпоративни работи на Прилепска Пиварница.

Во заедничката акција што ја спроведоа Прилепска Пиварница, Пакомак и Ball Corporation под слоганот „Затвори го кругот, рециклирај за одржлива иднина“, процентот на рециклирање лименки се зголеми за импресивни 64 %, во рамките на системот Пакомак и брендот Прилепска Пиварница, од почетокот на кампањата, што потврдува дека граѓаните одлично реагираат на програмите за рециклирање и ја разбираат важноста на циркуларноста на алуминиумските лименки – изјави Александар Матески, директор за правни и корпоративни работи на Прилепска Пиварница.

191 (5) ■ бизнис > македонија ■ 17-Dec 13:42 -> 17-Dec 16:48
.
.
.
.

Ванделт: Македонскиот извоз е намален поради кризата на германската економија

  • Ванделт: Не ни е познато дека некој од германските инвеститори планира кратење на работни места

Антје Ванделт, директорката на германската комора во Македонија, денес пред медиумите рече дека Германија е најголем инвеститор и најголем трговски партнер на Македонија, но и дека во последниот квартал од годинава е намален извозот поради кризата со која се соочува германската економија.

Директорката на Германската стопанска комора (АХК), Антје Ванделт вели дека вработените во германските инвестиции во земјава не треба да се грижат за своите работни места и порачува дека сегашната криза во Германија можеби е шанса за нас, бидејќи германските производни компании се во потрага по нови пазари.

214 (4) ■ бизнис > македонија ■ 17-Dec 15:36 -> 17-Dec 19:20
.
.
.
.

АЛКАЛОИД АД Скопје со четири признанија: Најтранспарентно котирано друштво по избор на медиумите и по избор на пазарните учесници, Акција на годината и Добри ESG-практики

  • ЧЕТИРИ ПРИЗНАНИЈА ЗА АЛКАЛОИД ЗА 2024 ГОДИНА Медиумите и пазарните учсеници избраа најтранспарентно акционерско друштво

На свечената церемонија по повод доделувањето на годишните награди на Македонската берза за 2024 година, која се одржа на 16 декември 2024 година, АЛКАЛОИД АД Скопје ги доби престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на медиумите, Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на пазарните учесници, Акција на годината врз основа на резултатите од гласовите на пошироката јавност од заедничката анкета на Македонската берза и на порталот „Фактор“ и наградата за Добри ESG-практики доделена од Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија.

На свечената церемонија по повод доделувањето на годишните награди на Македонската берза за 2024 година, која се одржа на 16 декември 2024 година, АЛКАЛОИД АД Скопје ги доби престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на медиумите, Најтранспарентно котирано акционерско друштво по избор на пазарните учесници, Акција на годината врз основа на резултатите од гласовите на пошироката јавност од заедничката анкета на Македонската берза и на порталот „Фактор“ и наградата за Добри ESG-практики доделена од Македонската берза во соработка со Американската стопанска комора во Северна Македонија.

246 (4) ■ бизнис > македонија ■ 16-Dec 17:36 -> 17-Dec 10:42
.
.
.
.

Зајакнување на зелената транзиција: Иновации во ОИЕ и складирање

  • Зајакнување на зелената транзиција во Македонија: Иновации во обновливи извори на енергија и складирање

Со брзиот раст на капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори и континуиран интерес за инвестиции во нови соларни и ветерни електрани, Северна Македонија е подготвена да го направи следниот чекор кон одржлива иднина, кој вклучува изградба на современи системи за складирање на енергија.

Со брзиот раст на капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори и континуиран интерес за инвестиции во нови соларни и ветерни електрани, Северна Македонија е подготвена да го направи следниот чекор кон одржлива иднина, кој вклучува изградба на современи системи за складирање на енергија.

74 (6) ■ сцена > култура ■ 18-Dec 09:55 -> 18-Dec 10:54
.
.
.
.

Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД

  • На предновогодишниот концерт на Воениот оркестар на Армијата настапија и музичари од оркестрите на Франција, Унгарија, Италија и САД

Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, припадниците на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД под диригентската палка на потполковник Горан Илијевски, вчеравечер во Македонската филхармонија го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт.

Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, припадниците на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД под диригентската палка на потполковник Горан Илијевски, вчеравечер во Македонската филхармонија го одржаа традиционалниот предновогодишен концерт.