СКОПЈЕ – Пазарната инспекција ќе мора да излезе на терен и да утврди како дел од големите ланци на трговски маркети ги зголемиле цените на производите и со тоа ги минимизираа ефектот на акцијата „новогодишна кошничка“.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.
Премиерот Христијан Мицкоски лут на трговците откако ги покачија цените на производите кои не се опфатени во т.н. Новогодишна кошница.
Храната е прескапа, цените на основните производи вртоглаво се зголемуваат.