Протестите против рациите за имиграција во Лос Анџелес продолжуваат трет ден по ред, а полицијата вели дека центарот на Лос Анџелес сега е „незаконско собирање“, пренесува Би-би-си. Има извештаи за запалени возила и за грабежи, додека еден британски фотограф има потреба од операција откако бил застрелан со гумен куршум.
Протестите во Лос Анџелес Калифонрија се под контрола откако по два дена во разбивањето на насобраната маса се вкличи националната гарда која ја испрати претседателот Трам.
Фото: Пекселс Полицијата се судри со демонстрантите во центарот на Лос Анџелес, синоќа на крајот од денот на федерални антиимигрантски мерки во кои беа уапсени десетици луѓе низ целиот град.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во Лос Анџелес без да се консултира со него.