Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз.
На Меѓународниот аеродром во Скопје утринава ќе слета авион на нискобуџетната компанија „Изиџет“ со што официјално ќе биде означен почетокот на новата авиолинија од аеродромот „Орли“ кој се наоѓа на дваесетина километри од центарот на Париз.