1 (32) ■ вести > македонија > политика ■ 03-Mar 16:07 -> 03-Mar 22:01
.
.
.
.

МУЦУНСКИ ОД БУДИМПЕШТА: Утрешниот заеднички состанок на двете влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи

  • Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници

  • Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД

  • Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор

Утрешниот заеднички состанок на двете влади, значаен момент на продлабочување на нашите односи, истакна на денешната заедничка прес конференција со унгарскиот шеф на дипломатијата Петар Сијарто министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски.

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и унгарскиот министер за надворешна политика и трговија Петер Сијарто попладнево во Будимпешта потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници на меѓусебно договорени теми за интеграција во ЕУ, процесите на администрацијата на Министерството за надворешни работи и надворешната трговска политика.

Секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со гео-стратешки импликации без учество на Соединетите Американски Држави има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување на ЕУ, но исто така нагласи и дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН. – Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот.

3 (8) ■ вести > македонија ■ 03-Mar 20:42 -> 03-Mar 21:34
.
.
.
.

Перински во Будимпешта: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој

  • ПАРТНЕРСТВОТО ЌЕ ПРИДОНЕСЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИОТ РАЗВОЈ Перински се сретна со унгарскиот колега

„Споделените искуства се од особена важност за подобрување на капацитетите на локалната администрација и регионалниот развој во нашата земја, а интензивирањето на соработката е важен чекор во зајакнувањето на нашето партнерство со Унгарија како и во насока на остварување на европските амбиции на земјата“, додаде Перински кој на средбата го информираше министерот Наврачич за досегашниот тек на проектот за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, една од најзначајните мерки на нашата Влада за унапредување на општинскиот развој, која се реализира со средства обезбедени од унгарскиот кредит.

Во рамките на дводневната посета на унгарско-македонскиот владин самит, кој се одржува во Будимпешта, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари билатерална средба со Тибор Наврачич, министер за јавна администрација и регионален развој на Унгарија.

4 (22) ■ вести > македонија ■ 03-Mar 12:03 -> 03-Mar 17:52
.
.
.
.

Трендафилов: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк

  • ▷ ССМ бара дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари

  • ССМ бара дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари

Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија,на денешната прес-конференција рече дека функционерите од овој месец ќе добијат повисоки плати согласно пресметката за просечната плата во 2024 и им порача да го прифатат предлогот за минимална плата од 30.000 денари.

Дополнително зголемување на минималната плата за 6 000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.

8 (26) ■ вести > македонија > политика ■ 01-Mar 10:21 -> 03-Mar 16:42
.
.
.
.

Ахмети: Ако го засегнете Законот за јазици и нема да има локални избори – нема да може да се постават гласачки кутии

  • ВЛЕН: ДУИ во очај - Ахмети од Липково потврди дека подготвува бојкот на локалните избори!

  • ВРЕДИ: Дали Груби е авторот на сценариото за бојкот на локалните избори?

„Ако е засегнат законот за јазици, нема локални избори и не може да се постават гласачки кутии за да се одржат локални избори…законот за јазици не е на ДУИ, законот за јазици им припаѓа и на оние што ќе се родат додека не изгрее сонцето.

Откако видоа дека Албанците повеќе не паѓаат на нивните хистерични лаги и лажни вести, откако се разоблија со коруптивни афери и црни листи, ДУИ заигрува на последната карта!

Коалицијата ВРЕДИ го обвини екс-вицепремиерот Артан Груби дека стои зад идејата ДУИ да ги бојкотира претстојните локални избори.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

85 (6) ■ сцена > култура ■ 03-Mar 07:02 -> 03-Mar 15:57
.
.
.
.

Осум романи ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината

  • ▷ Осум романи ја продолжуваат трката за „Роман на годината“

Жири-комисијата за наградата Роман на годината за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше 8 романи што ја продолжуваат трката за наградата Роман на годината.

Како што соопштуваат од жири-комисијата, на годинашниот конкурс пристигнале 43 романи, во првата селекција одбрани се 20 наслови, а сега на списокот остануваат уште осум романи: Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), селектираше осум романи што ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“.