1 (2) ■ магазин > здравје ■ 06-Jul 01:00 -> 06-Jul 01:19
.
.
.

Изгоревте на сонце? Две природни средства се спас, но важно е кога ги нанесуваме

Прекумерното изложување на сонце нема да ја направи вашата кожа поубава и потемна, туку може само да ви предизвика дополнителни проблеми – изгореници.

2 (72) ■ вести > македонија > политика > мвр ■ 04-Jul 15:38 -> 05-Jul 23:15
.
.
.
.

Се менуваат повеќе закони за „Безбеден град“

  • Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

  • Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност

  • Мора да има одговорност за „Пулс“, порача Тошковски

За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.

Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека мора да има одговорност за трагедијата во „Пулс“ за која што во денешниот отчет за првата година од мандатот посочи дека МВР почна најголема истрага која резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции.

4 (27) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 05-Jul 12:45 -> 05-Jul 20:00
.
.
.
.

Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра - тврдел дека истерува зли магии од нивниот син

  • Лишен од слобода „бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

  • Уапсен „бајач“ од Трубарево, оштетил брачен пар за 400 илјади евра

Полициски службеници од СВР Штип во соработка со ОВР Берово, СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција привеле 54-годишен жител на скопското село Трубарево, осомничен дека подолг временски период измамувал брачен пар од Берово, претставувајќи се како „бајач“ со натприродни способности.

фото: Пиксабеј Седумдесет и шест годишен беровчанец во СВР Штип пријавил дека бил измамен од 54 годишен бајач, од село Трубарево.

Вчера Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско.

5 (75) ■ вести > свет > украина > војна ■ 04-Jul 00:54 -> 05-Jul 22:00
.
.
.
.

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

  • Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски

  • Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина

  • Јермак: Трамп и Зеленски имаа „многу важен и суштински“ телефонски разговор

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на церемонија на отворено по повод Денот на независноста што личеше на негов политички митинг.

Трамп, исто така, рече дека подоцна денеска ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА / Илустрација Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека се договорил со американскиот претседател Доналд Трамп да соработуваат за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, денеска имаа телефонски разговор, откако по вчерашниот повик со рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Москва ќе продолжи со воената агресија врз Украина, без оглед на повиците од Западот за прекин на огнот.

11 (52) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 04-Jul 09:44 -> 05-Jul 14:00
.
.
.
.

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот. | 4NEWS.mk

  • СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите - Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

  • Институциите и општините за 5 дена да одговорат на барањата на граѓаните - Мицкоски најави владина реформа во администрацијата

  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат”.

Со шок и неверување СДСМ ја проследи намерата на Мицкоски да ги казнува дополнително граѓаните и да воведе данок на неженети и немажени.

Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место.

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Мицкоски вели размислувал за воведување на данок на немажени и неженети.

15 (14) ■ вести > македонија > хроника ■ 05-Jul 10:57 -> 05-Jul 21:00
.
.
.
.

ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет

  • Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот

На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.

Фото: ЦУК / Илустрација Осум пожари на отворен простор се евидентирани на територијата на државава до 13 часот, од кои половината се активни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и пожар во ниска вегетација во општина Велес.

Повеќе од
оваа категорија

9 (56) ■ спорт > фудбал > португалија ■ 04-Jul 05:15 -> 05-Jul 21:15
.
.
.
.

Со венци во форма на дресови соиграчите од Ливерпул се простија од Диого Жота и Андре Силва

  • Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

  • Погребот на Жота и Силва во сабота во Гондомар

  • Слот скршен од болка: Имам само една порака за најблиските на Жота

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.

Португалскиот фудбалски репрезентативец Диого Жота и неговиот помлад брат Андре Силва ќе бидат погребани в сабота во нивниот роден град Гондомар, во близина на Порто, пренесуваат португалските медиуми.

Трагедијата со која се разбуди цела шпанската спортска јавност многу брзо се прошири во цела Европа и цел свет, а еден ден подоцна, сите се уште се во голема неверица за ужасната смрт на Диого Жота и неговиот помал брат Андре.

Повеќе од
оваа категорија

187 (4) ■ бизнис > берза ■ 04-Jul 11:57 -> 04-Jul 17:17
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

  • ПРОСЕЧНАТА ЦЕНА НА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА ВО УНГАРИЈА Е 105,75 ЕВРА На македонската берза е 98,92 евра за мегават час

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 04 јули просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 105,75 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 98,92 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 73,67 евра за мегават час, а на MEMO 41,16 евра. фото: ЕДС Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 37,90 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 33,66 евра.

160 (5) ■ сцена > култура ■ 04-Jul 08:45 -> 05-Jul 10:05
.
.
.
.

Во македонскиот КИЦ во Белград отворена изложбата „Регенерација“

  • „Регенерација“ - изложба на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во КИЦ Белград

Во Културно-информативниот центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Регенерација“ на која се претставија три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска со обединувачки мотив – рефлексии врз уметникот во годините на пандемијата со Ковид-19. Нивната заедничка ликовна концепција упатува јасно предупредување и порака „да не се предаваме на културата на заборавање, но и во сопствените регенерации низ сите животни процеси и предизвици, да ги имаме културата и уметноста како свои упоришта и сигурни прибежишта“.

Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Регенерација“ на која ќе се претстават три афирмирани претставнички на современата македонска ликовна уметност, Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска.