Press24
„Во 2025 година, како што наведе, отстапувањето од ова правило е во функција на развојот и реализација на инвестициите, како што се Коридор 8 и 10 (0,8% од БДП), локални инфаструктурни проекти (0,6% од БДП) и инвестиции во одбраната (0,5% од БДП)“, истакна министерката.
Таа потенцира дека се работи на реформите во јавните финансии, донесени се повеќе подзаконски акти, покрај Законот за буџети, и дека во спроведување на тие реформи важна улога има и Фискалниот совет, со кој има воспоставена континуирана соработка, а кој како независна институција обезбедува независни и професионални анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, фискалната стратегија, буџетот, извештаите за реализација на буџетот, фискалните ризици и слично кои можат да имаат придонес при креирањето на политиките. Press24