Горан Весиќ синоќа ја информираше јавноста дека се повлекува од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, а п – Ќе ја прифатам оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, со благодарност за се што направи за време на неговиот мандат – изјави денеска министерот во Владата на Србија, Милош Вучевиќ, пред почетокот на конференцијата во Шангај.
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави оти утре и официјално ќе поднесе оставка од функцијата поради несреќата во Нови Сад, кога по пад на натстрешницата на Железничката станица загинаа 14 лица, а тројца сè уште се борат за живот, пренесува српски Н1. Посочи дека уште истиот ден кога се случила несреќата ја понудил оставката на премиерот Милош Вучевиќ, како и дека истото му го соопштил и на претседателот Александар Вучиќ.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.