Снимки од камери поставени на куќата на Панче Жежовски но и други нови докази бараа да се прикажат денеска обвинителите на судењето за убиството на Панче и малата Вања Ѓорѓиевска.
Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство.
Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на јавните обвинителки во процесот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Гаврил Бубевски.