Со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ја извршував должноста директор на АНБ, одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки.
Тој го повика Христовски веднаш да ги декласифицира документите за наводи злоупотреби.
Со оглед на сериозноста на изнесените наводи на синоќешниот прес и на претходниот брифинг во АНБ го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушување на тогашниот лидер на опозицијата.
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски соопшти дека вчера од страна на премиерот Христијан Мицкоски и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање.
Скандалот со нелегалното прислушување што го правела АНБ изминативе години не е удар врз мене и новинарите, туку удар врз темелите на државата, демократијата и слободата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Шефот на Владата побара правна разрешница.
Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања!
Очекувам дека овојпат нема да има криење со изговори од типот “класифицирани информации со степен на државна тајна”, посебно после последните неколку објави во некои “информирани медиуми” кои лифериваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници, наведува поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски.
Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со последните информации од АНБ за следење на политичари и новинари.