На прагот на нов „трипл-дабл“ беше Никола Јокиќ со 27 погодоци, 16 скока и 9 асистенции на домашен терен, додека Вокер Кеслер со 18 коша и 14 скока беше подобар од останатите Џезери.
Серијата победи на стартот од сезоната ја продолжија и Кливленд Кавалирс кои го постигнаа седмиот успех во низа со 114:113 славејќи на гостувањето кај Милвоки Бакс со кошот на Донован Мичел на 0,3 секунди пред крајот на времето. Netpress