Рим е обоено во црвено - првото градско дерби оваа сезона им припадна номинално на домаќините.
Екипата на Рома потврди дека се враќа во форма откако вечерва ја оствари третата победа во последните пет кола во Серија А. Оваа е најслатка затоа што е остварена против градскиот ривал Лацио кого Рома како формален домаќин го совлада со 2-0. Тоа е втор триумф по ред на „волчицата“ над Лацио и трет меч во низа на кој не прима гол.