Тренерот на Наполи, Антонио Конте изјави дека клубот од Неапол мора максимално да ги искористи сите ресурси доколку сака да ја освои титулата во Серија А. Наполи се искачи на првото место на табелата во Серија А, откако на домашен терен го совлада Торино (2-0), додека Интер во Милано беше поразен од Рома (0-1). На четири кола пред крајот на првенството клубот од Неапол е на првото место на табелата со 74 бодови, додека Интер е втор со 71. „Искрено, не го гледав натпреварот меѓу Интер и Рома.