1 (34) ■ вести > македонија > хроника ■ 13-Jan 12:20 -> 13-Jan 20:28
.
.
.
.

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам ќе се утврди кој го вршел прислушувањето

  • Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување

  • Јанкуловска ослободена за „Тврдина“, за екс-разузнавачите Грујевски и Бошковски 24 години затвор

  • ЈАНКУЛОСКА ОСЛОБОДЕНА ЗА „ТВРДИНА“ Грујевски, Бошковски и Јакимовски добија затворски казни

Откако денеска беше ослободена од вина во случајот „Тврдина“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во објава на социјалните мрежи напиша дека борбата за правда продолжува.

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се виновни за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување.

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“, делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик.

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе пресуда за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на опремата за прислушување.

2 (9) ■ вести > македонија ■ 13-Jan 20:25 -> 13-Jan 23:32
.
.
.
.

Обвинителството проверува дали само полицаецот од „Блаце“ е виновен за бегството на Груби

  • Упатството за приоретизирање на предметите за корупција случајно се совпадна со критиките од премиерот, вели државниот обвинител

„Обвинителството работи врз основа на докази.

Упатството од државниот јавен обвинител да се даде приоритет на постапувањето во предметите за корупција, само се совпаднало со најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека почнува акција против корумпираните судии и обвинители, вели јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, во интервју за „360 сепени“ на МРТ 1. На прашањето што треба да се заклучи – дека притисокот од премиерот дал резултат или дека обвинителството (со упатството) признало дека не работи како што треба, Коцевски одговори: „Не е така, затоа што секоја критика може да се сфати и добронамерно.

3 (54) ■ вести > балкан > регион ■ 12-Jan 08:36 -> 13-Jan 22:18
.
.
.
.

Пленковиќ: Не одиме на инаугурацијата на Милановиќ

  • Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори

  • Ова е признание за мене и мојата работа, но е и порака до власта, рече Милановиќ во победничкиот говор

  • На изборите во Хрватска излегле 43,86 отсто од гласачите, Милановиќ убедлив победник

Ден по поразот на Драган Приморц во вториот круг од претседателските избори во Хрватска, заседаваше Претседателството на ХДЗ, а како што најави лидерот на таа партија и премиер Андреј Пленковиќ, тие нема да присуствуваат на инаугурацијата на ново-стариот претседател, Зоран Милановиќ.

На повеќе од 6,500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии, јави Хина.

Победата во вториот круг од претседателските избори ја гледа како признание за неговата досегашна работа, но смета дека е и порака до власта, рече вчеравечер во неговото обраќање хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, откако според резултатите беше очигледно дека убедливо го победи кандидатот на ХДЗ, Драган Приморац, освојувајќи повеќе од 74 отсто од гласовите.

Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи.

6 (20) ■ вести > македонија ■ 12-Jan 08:45 -> 13-Jan 16:45
.
.
.
.

СДСМ бара Гаши да каже што ќе преземе и кои се следните чекори по изгласувањето недоверба за Илире Даути

  • Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ

  • „Ќе ја прифатам слободата на дејствување“ – Даути по коментарите дали таа ќе остане претседателка на Комисијата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) бара од претседателот на Собранието Африм Гаши да каже кои се следните чекори што ќе се преземат откако во петокот на пленарна седница беше изгласана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјални работи, демографија и млади Илире Даути.

Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути во пишана изјава до медиумите нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

По интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути од Европскиот фронт за ТВ21 изјавија дека до среда коалицијата ќе одржи средба и ќе одлучат што ќе прават, дали Даути ќе остане на таа функција или пак ќе предложат друг кандидат на чело на Комисијата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија