Сопругата на еден од убиените браќа Мартиновиќ, која и самата беше ранета во масакрот на Ацо Мартиновиќ, успеала ранета да му побегне на првиот сосед, изјави денеска на прес-конференција Лазар Шќепановиќ, в.д. директор на Полициската управа по масовното убиство во Цетиње.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.
Во страшното злосторство во Цетиње загинаа 12 лица, меѓу кои две деца на 10 и 13 години, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животите на четворица цетињани, пренесува весникот „Вијести“.
Денеска почнува тридневна жалост во Црна Гора поради страшното злосторство што се случи вчера во Цетиње, а откажани се сите настани на отворено низ целата земја.