Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.
Милош Мартиновиќ, неговиот брат близнак Марко и сопругата на Марко, Марија се три од најмалку 10 жртви што денеска во Цетиње ги уби Ацо Мартиновиќ (45). Според искази за дел од српските медиуми, децата што ги уби Мартиновиќ се деца на неговата сестра, која, пак е тешко ранета.
Масовниот убиец од Цетиње Ацо Мартиновиќ се самоубил, објави црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ.
Црногорската полиција објави фотографија од Ацо Мартиновиќ, осомничен за повеќекратно убиство во Цетиње, објави Вијести.ме. Во полициското соопштение пишува дека во пукање во угостителски објект Мартиновиќ убил најмалку четири лица, меѓу кои и членови на неговото семејство, по што вооружен го напуштил објектот и побегнал.